Претседателот на Русија Владимир Путин во разговорот со уредниците на меѓународните новински агенции дозна дека една американска новинарка се занимава со тајландски бокс. Наместо борба во ринг, претседателот ја повика новинарката да излезат на татами, предупредувајќи ја дека тој ќе биде во предност, пренесуваат руските медиуми.
Како што модераторот на настанот ги извести присутните, извршниот уредник на надворешнополитичката редакција на агенцијата „Блумберг“ Розалинд Метисон, кој му постави прашање на Путин, се занимава со тајландски бокс.
„Не сум сигурна дека би се осудила да влезам во рингот со вас“, му се обрати Метисон на Путин.
Путин одговори дека ни тој не би се решил на борба со неа во рингот.
„Не затоа што сте дама, туку затоа што секој треба да си ја работи својата работа. Јас никогаш се немам занимавано со бокс. А на татами сум подготвен да излезам со вас. Но ве уверувам дека тука ќе бидам во предност“, рече Путин.
Инаку, претседателот на Русија во февруари оваа година во Сочи, по самитот посветен на решението на сирискиот проблем, се облече во кимоно и тренираше со џудо-репрезентацијата на Русија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче