Пет необични возила на инженерската единица

Фотографија: Виталиј Кузмин

Фотографија: Виталиј Кузмин

Инженерските единици се еден од најпотребните родови на Војската на РФ; во борбените операции тие се на чело, во првите редови, расчистувајќи им го патот на останатите единици во најопасните услови (мински полиња, непроодни терени, радијација), а во екстремни мирнодопски услови помагаат при санација и обновување на оштетените објекти и на погодените територии. Руските инженерски единици денес имаат мошне оригинални возила. Ви претставуваме пет од нив.

Градител на патишта ИМР 

Современите инженерски возила за расчистување (ИМР) се способни да расчистат пат практично секаде каде може да се замисли. ИМР е возило од девет метри кое постои во вооружувањето на инженерските единици, направено е врз база на тенковите Т-71 или Т-90, опремено е со булдожерска ралица и со телескопска стрела со повеќе различни држачи. 

За вакво возило не се страшни ниту минските полиња, па дури ни гама-зраците. Двајца членови на екипажот можат да живеат три дена и три ноќи во возилото. Во кабината може да се вари вода, да се подгрее храна, а проектантите се погрижиле дури и за тоалет. 

На нерамен терен ИМР е способен да расчисти пат од 12 километри со брзина од 5-8 километри на час, додека во густа шума параметрите изнесуваат 300-400 метри на час. 

ИМР добро се покажа првите денови по хаваријата на Чернобилската нуклеарна електрана. Ова беше единственото возило кое можеше да работи во близина на оштетениот нуклеарен реактор. 

УР-77 „Змеј“ (Горинич, змеј од руските сказни)


Извор: ИТАР-ТАСС

Самоодечкиот уред УР-77 е наменет за правење бреши (премини) во минските полиња на противникот. Стручњаците сметаат дека тој е едно од најдобрите средства за совладување на минските полиња. Возилото носи две полнења (црева од по 90 метри) со над 700 килограми пластид во секое од нив. Откако ќе се активираат, тие се одмотуваат и паѓаат на конкретна површина, онаму каде што е потребно. Експлозијата на оваа муниција ги активира и поставените околни противтенковски мини, така што со тоа се овозможува премин широк околу шест метри.

На овој современ уред за деминирање му е даден и интересен назив поради необичноста на глетката: ракетата изникнува со рик и млаз кој се „влече“ зад неа како нешто виугливо и долго, што потсетува на опаш од змеј.

Минополагач ГМЗ-3


Извор: РИА Новости

Инженерските единици на Војската на РФ имаат и антагонист на „Змејот“. Гасеничниот минополагач од третата генерација (ГМЗ-3) за еден час може да постави мини на неколку километри, и тоа не само пред, туку и за време на борбата. Доколку е потребно, машината може дури и да ја замаскира муницијата под земја. На поновите модификации монтиран е навигациски уред кој овозможува да се утврдат прецизни координати на секоја мина, што суштински ја олеснува задачата за определување на контурите на минските полиња.

Посадата само треба да избере таканаречен чекор за поставување мини и механизмот ќе го испрати на транспортерот, а специјалниот уред потоа преминува во борбена положба.

Мост на тркала ТММ-6


Фотографија: Виталиј Кузмин

Russia Arms Expo 2013: петте најатрактивни новитети
На изложбата на вооружување, воена техника и муниција Russia Arms Expo 2013 беше презентирана цела низа уникатни возила од руско производство.

50 минути – во согласност со стандардите, токму толку време е потребно да се развие тешкиот механички мост (ТММ), по кој без особени проблеми треба да мине тешката оклопно-механичка техника. Еден комплет ТММ-6 е планиран за 102 метри доколку должината на еден распон (отвор на мостот) изнесува 17 метри, така што од него можат да се состават премини преку водени препреки, и тоа шест премини од 17 метри, три од 34 метри или еден од 100 метри. 

Ваквото возило може да се движи по пат до 1.100 километри без налевање гориво, неговата максимална брзина притоа изнесува 70 километри на час.

Копач ТМК-2


Фотографија: Виталиј Кузмин

На прв поглед ова е масивен трактот ТМК-2 кој за еден час може да направи 700 метри траншеја длабока еден и пол метар. Дополнителната булдожерска опрема овозможува ова возило да се користи дури и за менување на релјефот: на пример за засипување јами и ровови, или обратно: за копање јами. А, со комплетот дополнителна опрема ТМК-2 може да се користи за одржување патишта и за расчистување снег. 

Стручњаците тврдат дека ТМК-2 е едноставен за ракување и дека поседува висока маневарска способност, што го прави ова возило незаменливо во пробивањето траншеи за цевководи, за канали за разни долги линии или за дренажна работа.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња