Претседателот на Русија Владимир Путин се занимава со спорт секојдневно по околу час и половина, а задолжително препливува еден по еден километар, изјави портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков.
„Колку што разбрав, околу час и половина. Бидејќи плива нешто помалку од еден час, речиси секојдневно, секогаш кога за тоа постои можност, односно кога не оди, да речеме, на долги патувања. Дури и тогаш го препливува својот задолжителен за тој ден километар. Вежба и во сала, игра и хокеј“, рече Песков во интервјуто за телевизиската станица „Русија 1“, одговарајќи на прашањето колку време дневно шефот на руската држава издвојува за занимавање со спорт.
Љубовта на рускиот претседател спрема спортот е одамна позната, со тоа што во последно време Владимир Путин, според сопствено признание, го преферира пливањето.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче