Сликата е симболична
ReutersПретседателот на Русија на средбата со раководителите на меѓународните новински агенции изјави дека би било корисно за младите луѓе да ги прочитаат светите книги на светските религии.
Главниот уредник на италијанската агенција „Анса“ Луиџи Конто го праша Владимир Путин која книга би им ја препорачал на младите генерации за читање. Шефот на руската држава рече дека би се одлучил за Библијата, Куранот и Тората, истакнувајќи дека сите овие списи сигурно би биле од голема корист и за девојките и за момчињата.
„Сите светски религии се засновани на хуманистички принципи и, ако ги почитуваме и следиме, светот ќе биде подобар, помирен и постабилен“, рече Путин.
Одговарајќи на прашањето за националните херои, тој рече дека има многу во руската историја и дека меѓу нив се Пушкин и Петар Велики.
„Еден споменавте, тоа е Пушкин, невозможно е да не се сетите на него на денот на неговото раѓање“, рече Путин.
„Тука е и Петар Велики, основачот на градот во кој сум роден, познатиот, голем реформатор, кој ја трансформираше нашата земја“, рече Путин.
„ Имаме многу национални херои, тешко е да се фокусирате на еден, има многу уметници, државници, имаме со кого да се гордееме“, додаде рускиот претседател, истакнувајќи дека ја сака музиката на Петар Чајковски.
Тој, исто така, ја истакна важноста на зачувувањето на историското сеќавање на светските војни, како и на борбата против глорификацијата на нацизмот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче