Пет причини да го погледнете „Фау-2. Бегство од пеколот“, новиот руски блокбастер

Тимур Бекмамбетов, Сергеј Трофимов/Базелевс, Columbia Pictures, 2021.
Тил Линдеман, главниот вокалист на групата „Рамштајн“ испеа песна на руски јазик специјално за овој филм. Згора на тоа, самиот дојде да оваа идеја!

1. Заснован на неверојатно, но реални настани

„Фау-2. Бегство од пеколот“ е филм кој е заснован на реален настан поврзан со натпоручникот на гардискиот ловечки авијациски полк на Михаил Девјатаев кој во 1944 година падна во ропство, а потоа се најде во концентрационен логор на островот Уседом (на Балтичкото море) каде беше принуден да работи физичка работа на блискиот таен германски полигон Пенеминде каде се правеле нови авиони на млазен погон и ракетите ФАУ-1 и ФАУ-2. Кога се нашол во близина на германските авиони Девјатаев донел цврста одлука да ја искористи првата шанса и да избега во непријателскиот бомбардер...

Еден од главните консултанти во филмот е Александар Девјатаев, синот на познатиот пилот. Тој помогна приказната во историска смисла да биде колку што е можно поавтентична. Сепак, додадени се и некои измислени детали за да се постигне уметнички ефект.

2. Познат режисер и одличен продуцент

Рускиот режисер Тимур Бекмамбетов на премиерата на филмот „Девјатаев“ (или „Фау-2: Бегство од пеколот“) во киното „Поклонка“ во Музејот на победата во Москва.

Еден од водечките руски режисери Тимур Бекмамбетов е добро познат во странство. Во Холивуд тој стоеше зад филмовите како што се „Без пријател“ („Unfriended“, 2015), „Абрахам Линколн: ловец на вампири“ („Abraham Lincoln: Vampire Hunter“, 2012.), и римејкот на легендарниот „Бен Хур“, 2016. Сепак, негов најуспешен проект до овој момент е филмот „Баран“ („Wanted“, 2008) со Џејмс Меквој и Анџелина Џоли во главните улоги.

Продуцентот Игор Угољников е познат по тоа што прави историски веродостојни филмови посветени на Втората светска војна. Во неговиот опус влегуваат „Брестовската тврдина“ („Брестская крепость“) од 2010 година за херојската одбрана на Брестовската тврдина која прва се фатила во костец со Германците за време на нападите на СССР, а исто така и неодамна премиерно покажаниот филм „Подољски кадети“ („Подольские курсанты“, 2020) за најкритичниот момент во одбраната на Москва есента 1941 година.

3. Оригинален саундтрак на Тил Линдеман

Главниот вокалист на групата Рамштајн за филмот „Фау-2. Бегство од пеколот“ ја отпеа старата советска песна со наслов „Саканиот град“. И тоа ја отпеа на руски!

„Тил самиот ми понуди да ја отпее оваа песна, веројатно зашто израснал во Росток, во Источна Германија“, вели Бекмамбетов. „Неговиот татко има минато многу време на патувања и работел како писател во Советскиот Сојуз. Тил и самиот бил пионер. Оваа песна му ја пеела мајка му кога бил дете. Тил дознал дека снимам филм за Девјатаев и дека главна музичка тема ќе биде 'Саканиот град'. Во Источна Германија Девјатаев е почитуван како херој, а на островот Уседом има и негов споменик. Таму го почитувале и во советско време и по обединувањето на Германија. Поради тоа снимивме и видеоспот“.

4. Користена е истата технологија како и во видеоиграта „Огнена молња“

За време на снимањето на филмот „Фау-2. Бегство од пеколот“ користена е технологијата од видеоигра, наместо традиционалната CGI технологија. Слична технологија беше пробана во филмовите на Марвел и во телевизиската серија „Мандалоријанец“ („The Mandalorian“), но за Русија ова е сосема ново искуство.

Видеоиграта „Огнена молња“ за повеќе играчи овозможи летовите на авионите во филмот да изгледаат автентично, а виртуелните пилоти учествуваа во блиска воздушна борба и се бореа против главниот актер Павел Прилучни, кој го игра Девјатаев.

„Нам ни се допаѓа визуелизацијата на борби во воздухот што ја направија нашите колеги врз основа на следење на летовите кои ги имаат снимено виртуелните пилоти. Геометријата на патеката на летот, брзината и борбените ситуации изгледаат мошне пореално одошто во другите современи воени филмови. Добро е што технологијата од „Војна на молњата“ може да се искористи и надвор од видеоиграта како алатка која овозможува филмовите да станат подобри“, вели продуцентот на играта „Војна на молњата“ Вјачеслав Булаников.

5. Прв блокбастер за Втората светска војна снимен во вертикален формат

Филмот „Фау-2. Бегство од пеколот“ е објавен како во традиционален хоризонтален, така и во иновативен вертикален формат за мобилни платформи. И ова е првиот филм во светот кој е снимен во овој формат!

„Многумина ги консумираат содржините на мобилни телефони, па е чудно што авторите на филмовите не се грижат за оваа публика“, вели Бекмамбетов. „Секако, тоа не е она што сме го учеле на филмските академии, и не е начин на кој ние сме ги правеле нашите филмови, но ова е современ свет и ние треба да се адаптираме и, што знам, да бараме нешто ново!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња