Во Сураж во Брјанската област, во 95 година од животот почина една од четирите живи носители на звањето „Праведни меѓу народите“ во Русија Марија Теребилова, пренесуваат руските медиуми.
„Марија Семјоновна Теребилова, како и нејзините родители, засекогаш влезе во херојската повест за спасувањето на Евреите во годините на војната. Изразуваме сочуство до нејзиното семејство, се заблагодаруваме на нејзините блиски и соседите, на сите оние кои се грижеа за неа и благодарение на кои проживеа долг живот“, изјави претседателот на организацијата Руски еврејски конгрес Јуриј Канер.
Теребилова со родители за време на војната во својата куќа две години го криеше локалниот жител со еврејско потекло Шхина Долгинов. Тој се дружеше со семејството Теребилови до крајот на животот и почина 1967 година.
Во Русија сé уште живеат тројца носители на звањето „Праведни меѓу народите“. „Ризикувајќи го својот живот и животот на своите блиски, тие ги спасија своите народи од понижувањето на учество во холокаустот“, истакна Канер.
За време на војната на територијата на СССР места каде што беа убиени најмногу Евреи беа Киев, Одеса и Ростов на Дон. Во 1942 година во Ростов на Дон се убиени околу 30 илјади луѓе, од кои повеќето беа Евреи. Населбата Змиевска балка е најголемата гробница на жртви на холокаустот во Русија. Денес таму се наоѓа меморијален споменик посветен на жртвите на фашизмот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче