Транссибирската железница, џиновската артерија на Русија

Пред 121 година во Владивосток започна изградбата на Транссибирската железница, најдолгата железничка пруга на светот. Оваа магистрала поврзува 2 дела од светот, 12 области и 87 градови и е долга 9288,2 километри.

Патување низ историјата

Транссибирската магистрала е една од најстарите железнички пруги во Русија.. Изградбата на нејзината главна делница со должина од 7,5 илјади километри меѓу Челјабинск и Владивосток траела од 1891 до 1916 година. Таа година, веднаш после завршетокот на изградбата на мостот преку мостот на реката Амур, веднаш до градот Хабаровск, отворен е директен патнички сообраќај меѓу Москва и Владивосток. Претходно за овој правец се користени делниците на Кинеско-Источната пруга, а патувањето во еден правец траело 16 дена.

Изградбата на олку долга пруга за Руската Империја била навистина важна случка. За тоа сведочи и фактот дека на молебенот за почетокот на изградбата на пругата присуствуваше лично престолонаследникот Николај Александрович, по налог на Александар III. 

За изградбата на Транссибирската железница биле потребни огромни средства. Според прелиминарните пресметки на Одборот за изградба на Сибирската железница, таа чинела 350 милиони рубли во злато.

Во завршувањето на овој грандиозен проект, освен материјални средства, вложени се и неверојатни човечки напори. Изградбата на Транссибирската магистрала е реализирана во сурови природни и климатски услови. Речиси на сите делници трасата е градена по ненаселени места и непреодна тајга.

Транссибирската магистрала поминува низ многу реки и езера, вклучувајќи ја Волга, Иртиш, Об, Енисеј и Амур. Секој пат работниците морале да градат цврсти железнички мостови. Посебно била тешка делницата околу езерото Бајкал, каде морале да се минираат тврдите камења, пробиваат тунели и да се градат помошни објекти во клисурите на планинските реки кои се влеваат во Бајкал.

Во завршувањето на овој грандиозен проект, освен материјални средства, вложени се и неверојатни човечки напори. Изградбата на Транссибирската магистрала е реализирана во сурови природни и климатски услови. Речиси на сите делници трасата е градена по ненаселени места и непроодни тајги.

Сета работа е одвивана рачно, со примена на примитивни орудија: секири, лопати, пили, дикел и колички. И покрај тоа, секоја година се градени од 500 до 600 километри пруга.

Штом возовите тргнаа по Транссибирската магистрала, веднаш стана јасно колкаво значење има оваа пруга за развојот на стопанството и колку таа допринесува за забрзување и зголемување на трговијата. Сепак, капацитетот на пругата не бил доволен, посебно за време на војната. Покасно брзината на движење на возовите е зголемена, колосекот е зголемен и модернизиран, а привремените дрвени мостови се заменети со поцврсти и посигурни.

 

Железнички рекорди

Некои возови и вагони кои патуваат од првата до последната станица на „Транссиб“ претендираат на звањето рекордери. На пример, до мај 2010 година преку Транссибирската пруга сообраќаше воз на најдолгата релација на светот: од Харков до Владивосток. Тоа беше возот со број 53/54. Неговата композиција поминувала 9714 километри пруга за 174 часа и 10 минути. Сега тој патува до станицата во Уфа, но задржани се вагони во кои нема преместување. Вагонот во кој нема преместување ја поминува најдолгата релација на светот денес – сообраќа од Киев до Владивосток и поминува 10.259 километри за 187 часови и 50 минути.

Возовите на линијата Москва-Владивосток тргнуваат од Јарославската железничка станица во Москва, каде се поставени, исто како и на крајната дестинација во Владивосток, специјални километарски столбови со обележана должина на магистралата „0 км“ на едниот крај и „9298 км“ на другиот.

Растојанието од Москва до Владивосток најбрзо го поминува патничкиот воз број 1/2 „Русија“. Тој ја преминува оваа пруга за 146 часа, или за речиси 7 дена и ноќи. Овој воз во просек годишно превезува 200 илјади патници и со право го нарекуваат „главниот воз во земјата“. Првата композиција на оваа линија почнала да сообраќа уште во времето на изградбата на Транссибирската магистрала и освојувањето на Сибир и Далечниот Исток.

Беше тоа во 1903 година, кога магистралата сѐ уште не беше завршена. Современиот воз „Русија“ тргна на своето прво патување на 30 септември 1966. Вагоните повеќе пати се реновирани и фарбани во друга боја. Најпрво биле со боја на вишна со големи метални букви, потоа црвени, па со боја на малина, па зелени, а од 2000 година, вагоните на возот „Русија“ ги фарбаат во бојата на руското знаме со задолжителниот релјефен Државен грб на Руската Федерација.

 

Тихоокеанскиот град Владивосток (рускиот Далечен Исток), последната станица на Транссибирската железница, оддалечена од Москве 9298 километри: местото во кое почна изградбата на пругата во 1891 година. Извор: Lori / Legion Media.

Возовите на линијата Москва-Владивосток тргнуваат од Јарославската железничка станица во Москва, каде, како и на својата крајна дестинација, т.е. во Владивосток, се поставени специјални километарски столбови со обележана должина на магистралата: „0 км“ на едниот крај и „9298 км“ на другиот.

Што се однесува до превозот на товар и овде Транссибирската магистрала има голем потенцијал. Техничките можности на „Транссиб“ постојано се зголемуваат. На пример, во 2002 година целосно е електрифицирана двојната пруга. Денес „Транссиб“ овозможува превоз на 100 милиони тони товар годишно. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња