Пред да ја прими христијанската вера, првата светителка на Русија била паганка, како и останатите нејзини сонародници. Од тој период на нејзиниот живот хрониката ја има забележено како Ољга на морничав начин им се одмаздила на убијците на нејзиниот сопруг. Подоцна ја донела христијанската вера на руската земја и во христијански дух го воспитувала својот внук, кнезот Владимир, кој потоа ја покрстил цела Русија.
1. Рурик 2. Игор Киевски 3. Ољга 4. Свјатослав 5. Владимир Велики 14. Иван IV (во древни костими, Џулио Ферарио), 1831.
Приватна колекција / Fine Art Images / Heritage Images / Getty ImagesОљга се појавува на историската сцена во 945 година, по смртта на својот сопруг, киевскиот кнез Игор (како што сведочи руската хроника „Повест за минатите години“). Тој бил ѕверски убиен додека собирал данок од племето Древлани, потчинето на Киев. Древљаните го врзале за две свиени јасики кои го растргнале кога се исправиле.
Убијците мислеле дека по смртта на киевскиот кнез ќе можат лесно да го заземат неговиот трон. За таа цел сакале својот кнез Мал да го оженат со младата вдовица на Игор, па дури и ѝ испратиле сватови.
1. Иако мошне млада, кнегињата Ољга сфатила во каква опасност е и таа и целата тогашна Русија. Кога бродот со 20 древљански пратеници допловил до Киев, таа ги примила како драги гости и им заповедала на своите слуги целиот брод да го внесат во градот и така да им укажат на претставниците на Древљаните голема чест и почит. И додека го носеле, по пат, ги фрлиле во длабока јама, ископана специјално за таа пригода.
Одмаздата на Ољга на Древљаните. пред 1839 година, Фјодор Бруни.
Public domain2. Очигледно дека на Древљаните немало кој да им јави како минала нивната делегација, па поверувале на гласникот којшто стасал од Киев и порачал дека Ољга со задоволство би се омажила, но оти порачала Древљаните да испратат поугледни луѓе како сватови. И навистина, новата делегација се состоела од претставници на најугледните древљански семејства, трговци и луѓе од висок род. Кога стасале, Ољга заповедала на секој од нив да им се подготви бања по напорниот пат, пред да бидат примени во одаите. Пратениците влегле да се бањаат, а слугите на Ољга ги затвориле и ја запалиле бањата.
3. Веднаш потоа Ољга одбрала мала дружина и им порачала на Древљаните дека пред свадбата сака по словенски обичај да се приреди пир на местото кадешто загинал нејзиниот маж на древљанската земја. На нивното прашање каде се пратениците кои биле испратени, Ољга им одговорила дека тие одат по нејзината дружина и дека набргу ќе стасаат. Потоа на гробот на мажот бил направен пир во негов спомен, кадешто Древљаните пиеле, а луѓето од дружината на Ољга ги служеле.
Штом Древљаните се напиле, луѓето на Ољга ги убиле.
4. Но, тоа не е сѐ. Во 946 година Ољга со голема војска тргнала на Древљаните и го опколила нивниот главен град Искоростењ. Древљаните жестоко се бранеле, така што киевските воини цел ден не можеле да извојуваат победа. Тогаш Ољга им испратила гласници со порака дека таа е волна да ја повлече војската, да го тргне обрачот и да воспостави мит доколку Древљаните се согласат на симболичен данок: по три голуби и три врапци за секоја куќа. Без да се посомневаат, бранителите на градот го исполниле овој услов, но штом паднал мрак Ољга заповедала на секоја птица за ногата да ѝ се врзе по еден фитиљ (стапче од лесно запалив материјал) и птиците да се пуштат. Секога птица одлетала на покривот на својата куќа, а покривите тогаш биле од слама. Во ист момент целиот град се запалил. Вџашените Древљани почнале да бегаат од градот, но таму ги пречекала киевската војска. Градот паднал, а поразените Древљани биле принудени да плаќаат голем данок.
Скулптурална композиција „Просветители“, споменик „Илјадагодишнина на Русија“, Велики Новгород.
Дар Ветер (CC BY-SA 3.0)Ољга виртуозно им се одмаздила на убијците на својот сопруг, но не зашто била нескротлива, ами зашто во паганскиот обичај тоа била очигледна порака на сите кои евентуално би помислиле дека киевскиот престол може да се освои со убиство на кнезот. Покрај тоа, ваквите чекори наишле и на поддршка во самиот Киев, зашто и дружината и локалните моќници така сфатиле дека Ољга е решителна и политички зрела владетелка.
Ољга ги посетила териториите кои му биле потчинети на Киев и таму организирала собирање данок и административни центри коишто ќе се занимаваат со тоа. Таа сфатила дека до убиството на нејзиниот сопруг дошло во голема мера поради неопределените правила за собирање данок и недефинираните суми што требало да се соберат. Сега кнежевските претставници одговарале за собирањето данок и воедно го одржувале редот и ги решавале судските спорови, така што кнезот не морал да доаѓа лично. Со други зборови, Ољга го создала првиот административен апарат којшто му овозможувал на владетелот без одење на терен да собира данок и информации преку свои луѓе.
Така Ољга уште во младоста го стекнала епитетот на „најмудра“ владетелка.
Првата средба на Игор и Ољг, 1824 година, Василиј Сазонов.
Третјаковска галерија / Public DomainВаквата претстава е одразена и во легендата за нејзиното потекло и за познанството со кнезот Игор. Кнезот бил на лов во околината на Псков каде го замолил чамџијата да го превезе преку реката, и дури во чамецот видел дека со превоз се занимава девојка, и тоа мошне убава. Тој по обичајот од тоа време бил уверен дека девојка од народот нема ништо против вниманието на кнезот, но таа решително се спротивставила и според една од верзиите, му се заканила дека ќе се фрли во реката, а според друга, дека ќе го фрли кнезот во реката. Игор бил толку импресиониран од убавината на девојката, од цврстиот карактер и внимателноста во изборите, што подоцна, кога одлучил да се ожени, испратил да ја пронајдат токму девојката Ољга.
Мудроста на Ољга се огледа и во тоа што нејзе не ѝ биле доволни паганските верувања на нејзиниот народ. Таа со внимание ги набљудувала христијаните кои во Киев со текот на времето ги имало сѐ повеќе. Историчарите немаат единствено мислење за мотивите кои ја поттикнале Ољга да се покрсти. Едни сметаат дека тоа била духовна потреба, а други дека станува збор за политички интереси и за желбата со „попрогресивна“ вера да обезбеди развој на државата. Како и да е, Ољга одлучила да го прими христијанството и за таа цел заминала во Константинопол, главниот град на Византија.
„Крштвањето на кнегиња Ољга“, 1792, Иван Акимов.
Public domainЗа ова патување на Ољга, како и за нејзиното цело владеење, испредени се многу легенди. Според една верзија, императорот Константин Профирогенит, кој потоа бил кум на венчавката на Ољга, се обидел да ја побара за жена руската кнегиња, но таа вешто го избегнала тој брак.
Откако се вратила во татковината, Ољга станала првата христијанка во Русија (барем во тогашното високо општество). Нејзиниот син Свјатослав, меѓутоа, не се угледал на мајка си, па починал како паган. Но, затоа кнезот Владимир, внукот на Ољга кој според преданијата го воспитала таа, подоцна го примил христијанството и ја покрстил цела Русија.
Покрај тоа по враќањето на Ољга од Константинопол во Киев започнуваат да се градат христијански храмови (се смета дека во Русија токму Ољга е родоначалник на ѕидањето од камен) и во нив да се вршат богослужби. Се појавиле и првите свештенослужители со руско потекло. Христијанската вера на жителите на Русија повеќе не им изгледала како нешто туѓо. Сѐ повеќе луѓе го примале христијанството.
Света Ољга, кнегиња Киевска, втора половина на 19. век. Се наоѓа во колекцијата на Државниот руски музеј, Санкт Петербург.
Fine Art Images/ Heritage Images / Getty ImagesОљга се упокоила во 969 година, а веќе во 972 и 978 година во хрониките се споменува како светителка. Канонизирана е како прва христијанка во Русија и „најмудра меѓу луѓето“. Паганската одмазда на Древљаните не претставувала никаква пречка, зашто тоа бил настан од претходниот живот, пред крштевањето. Во нејзиното житие пишува: „Кнегињата Ољга владееше со областите на Руската земја кои ѝ припаднаа не како на жена, ами како на силен и разумен маж“. Ољга е толку почитувана што во 1547 година прогласена е за рамноапостолка, а во целиот свет покрај неа има само пет вакви жени. Една од нив, на пример, е Марија Магдалена.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче