„Русизмите во македонскиот литературен јазик“ со промоција во НУБ

НУБ и Рускиот центар при УКИМ во петок 22 декември во 12 часот организираат промоција на монографијата „Русизмите во македонскиот литературен јазик“ од професорката Нина Чундева.

Утре, петок 22.12.2017 година, со почеток во 12 часот Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ и Рускиот центар при УКИМ организираат промоција на монографијата на професорката Нина Чундева.

Монографијата се занимава со проучување на русизмите во македонскиот јазик на лексиколошко и семантичко рамниште. Станува збор за лексика која навлегла во македонскиот литературен јазик од рускиот во периодот од втората половина на 19 век, па се до седумдесеттите години од минатиот век.

Настанот ќе биде збогатен и со свечено наградување на професорката Чундева со Пушкинскиот медал кој го доделува претседателот на Руската Федерација на странски државјани кои оставиле трајни вредности во образованието и руската култура.

Медалот ќе го додели амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија н.е. Олег Николаевич Шчербак.Монографијата „Русизмите во македонскиот литературен јазик“ беше издадена кон крајот на септември оваа година, а како издавач се јавува Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.

Дознајте повеќе за  делото на Нина Чундева во нашето интервју.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња