Зошто во стара Русија имало толку малку камени градби?

Софискиот храм во Велики Новгород

Софискиот храм во Велики Новгород

Legion Media
Во Русија постојат само неколку градби кои датираат од XII-XIII век и тоа се релативно мали цркви и храмови. Наспроти тоа, во Европа, џиновски камени градби како замокот Елц или дворецот Алказар биле изградени уште во VIII-IX век. Постојат три конкретни причини за ова.

Во Русија имало само неколку каменоломи

Црквата „Св. Петар и Павле“ од XII век и храмот „Св. великомаченица Варвара“ од XVIII век во Смоленск

Континентална Русија не е планинска земја. Во старо време имало само неколку каменоломи, а транспортот на камени плочи од нив до градовите и населбите бил исклучително тежок и скап. Затоа дури и руските кнезови ги граделе своите тврдини и палати од дрво, кое во Русија го имало и го има во изобилство.

Залихите на дрво во Русија се речиси бесконечни

Дрвениот дворец во Коломенское (Москва) на гравура од 1780 година

Дури и по стотици години изградба на милиони изби, тврдини, цркви, во Русија има дрво во изобилство. Секој Русин од старо време знаел да направи изба, згора на тоа - избата можела да се расклопи, пренесе на друга локација и повторно да се состави. Меѓутоа, немало потреба да се прави тоа, бидејќи во секое село и град можело да се купи нова изба - или да се отиде во шума, да се исечат стебла и да се направи.

Монголско-татарската инвазија ја оштетила руската градежна традиција 

Симоновиот манастир во Москва, камениот амбар и кулата Дуло, 1913.

Монголско-татарска инвазија што се случила во XIII-XIV век била голем удар за сите руски индустрии, кои дотогаш само што почнале да се формираат. Отприлика една третина од населението било збришано, а најголема штета претрпеле најразвиените градови како Киев, Рјазан, Владимир. Инвазијата физички ги уништила повеќето професионални руски градители и архитекти од тоа време.

По инвазијата биле потребни околу 200 години пред да продолжи камената градба во Русија, кон крајот на XV век. Кога големиот италијански инженер Аристотел Фиораванти пристигнал во Москва во 1480-тите, открил дека Русите не знаат да прават дури ни обични тули.

Камениот амбар на Симоновиот манастир во Москва

Кога Петар Велики го основал Санкт Петербург во 1703 година, тој привремено ги забранил сите камени градби во Русија, освен во новата престолнина. Забраната не била строго почитувана, но имала ефект: повеќето руски каменорезачи отишле во Санкт Петербург да бараат вработување. Проблемот со материјали не бил толку акутен во Санкт Петербург, кој се наоѓа во близина на бројни каменоломи во регионот. А системот на крепосништво, кој веќе бил во полн ек, овозможувал побрз транспорт на каменот благодарение на работата на закрепостените селани.

 

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња