Руси направија чоколадна фигура на Меси во природна големина по повод неговиот роденден

Скриншот

Во подмосковскиот град Броници, каде во текот на Светското првенство тренира репрезентацијата на Аргентина, во неделата беше претставена чоколадна торта во вид на капитенот на аргентинскиот тим Лионела Месија, кој на 24 јуни наполни 31 година.

Тортата претставува фудбалски терен во чиј центар се наоѓа фигура висока 170 сантиметри. Долниот дел на тортата е тежок 150 килограми, а самата фигура 60 килограми, пренесуваат медиуми.

Руските слаткари за аргентинскиот фудбалер ја направија чоколадната торта како сладок подарок по повод неговиот роденден, кој капитенот на репрезентацијата на Аргентина го прослави во Подмосковје.

Според главниот слаткар Дарја Малкина, за изработка на чоколадната скулптура биле потребни шест дена.

Претставниците на Аргентинскиот фудбалски сојуз инсистираа фигурата на Меси да му се предаде на локалниот историски музеј, додека „фудбалскиот терен“ можеа да го пробаат сите присутни. Фудбалерот лично доби точна копија на трофејот на Светското првенство во фудбал изработена во стилот на традиционалната гжељска керамика и тешка три и пол килограми.

Претставниците на Аргентинскиот фудбалски сојуз им се заблагодарија на слаткарите и жителите на градот, истакнувајќи дека Русија отсекогаш била позната по гостопримството и широката душа.

Репрезентацијата на Хрватска минатиот четврток ја порази екипата на Аргентина во натпреварот од второто коло на групната фаза на Светското првенство во фудбал, така што тимот на Меси е во ситуација да се бори за опстанок на Светското првенство.

Меси претходно не успеа да реализира пенал во натпреварот против Исланд.

Прочитајте повеќе: Ѕјуба откри каде лежи клучот на победата над Уругвај

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња