Која е предноста на Ту-160 во однос на неговиот американски пандан B-1 Lancer

Сергеј Кривчиков/Global Look Press
Американскиот специјалист за воена авијација Дарио Леоне го побива познатиот мит дека рускиот стратешки бомбардер Ту-160 е копија на неговиот американски пандан B-1 Lancer.

Неговиот коментар на оваа тема беше објавен во списанието „Национален Интерес“ (The National Interest), пренесува „Росијскаја газета“.

Навистина, на прв поглед, авионите што се појавија во исто време (Ту-160 е примен во вооружувањето три години подоцна) се многу слични: и по надворешниот изглед, и по намената. Но, тоа е еден од оние случаи во кои, според руската поговорка, идејата лебдела во воздухот. СССР и САД ги користат во тој момент популарните конструкторски трендови и сосема логично постигнуваат слични резултати. Сепак, доколку поблиску се погледне, се забележуваат разлики кои притоа не се мали.

Програмата Бе-1 е одговор на советската интервенција во Авганистан. Тогашниот американски претседател Роналд Реган го нарача Lancer како привремена посредна опција меѓу сé поранливиите за советската противвоздушна одбрана Бе-52 и перспективните бомбардери АТВ (В-2 Spirit). Затоа, од планираните 244 авиони, направени се 100 и нивните можности се ограничени.

Ту-160 е развиен во други услови и примен во вооружувањето токму како што беше планиран да биде: повеќенаменски бомбардер способен да нанесува удари во широк опсег на висина и брзина. Тоа е главното нешто. Има и потенки нијанси. На пример, Бе-1 е опремен со мал преден хоризонтален „пердув“ наменет за стабилизација на летот на мала висина. Ту-160 нема таква опција, бидејќи работата на мала висина не е неговиот основен режим на работа. Исто така, има разлики и во конструкцијата на шасијата.

Конечно, Бе-1 ги живее последните денови во составот на американското Воено воздухопловство, додека Ту-160 допрва доживува ренесанса. Во Казањ се тестираат модернизираните бомбардери со нови мотори, опрема и значително проширени можности.

Погледнете прекрасен видеоматеријал за рускиот ракетоносец Ту-160 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња