Бомбардерот Ту-160 е вистинско ремек-дело на конструкторското биро „Туполев“ и најстрашниот кошмар на НАТО. Вака кинескиот весник „Сина“ го окарактеризира рускиот бомбардер.
Авионот Ту-160 (Blackjack, според класификацијата на НАТО) е направен во Советскиот Сојуз во текот на 1970-тите како главен пандан на американскиот стратешки бомбардер В-1В.
Тој е поголем од своите ривали според габаритите. Крилата имаат распон од 55,75 метри и практично се еднакви на должината на трупот (54,1 м). Тоа е направено за да се пронајде баланс меѓу дометот и брзината на крстосување. Покрај тоа, бомбардерот Ту-160 има променлива геометрија на крилото.
Овој авион е подобар од В-1В и според други параметри. На пример, максималната тежина на Ту-160 при полетувањето изнесува 275 тони, а на В-1В само 216 тони. Рускиот бомбардер може да носи 45 тони бомби, а американскиот 34 тони. Ту-160 има долет од 16000 километри, а В-1В само 12000 км. Може да се каже дека во тоа време немаше авиони рамни на бомбардерот Ту-160. Дури и сега тој е побрз од суперсоничниот ловец F-35 и лесно може да му избега.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче