Екипажите на авионите на стратешката авијација Ту-160 и Ил-78 одработија долги летови со дополнување гориво во воздух, пишува ТВ „Ѕвезда“.
Летовите се извршија во сложени метеоролошки услови со силен страничен ветар и траеја повеќе од 8 часа.
Дополнувањето гориво се спроведе дење и ноќе на височина над 5000 метри и со брзина од околу 600 км/час. Истовремено, растојанието меѓу авионите беше помало од 30 метри. Вкупно во летовите учествуваа до 10 авиони на стратешката авијација.
Дополнувањето гориво во воздух, како еден од најтешките елементи на обуката за летање, е потребна за обуката на пилотите на стратешката авијација. Тоа овозможува значително зголемување на борбениот радиус на дејство и извршување задачи на големо растојание од местото на базирање.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче