Веројатно никогаш досега во едно видео не е толку детално прикажана употребата на главниот авион на руските Воздушно-космички сили. Во видеото, кое трае три минути, прикажани се кадри од примената на овој авион при тренажните летови, како и неговата борбена примена во Сирија. Се гледаат лансирања на крстосувачки ракети со голем дострел од класата „воздух-земја“, уништување на цели на земја, ловечка заштита на бомбардерот, дополна на гориво во воздух и низа други живописни кадри кои на прав начин го презентираат овој извонреден авион, пренесува интернет-порталот РГ.
Дури и во одделни кадри се гледа и внатрешноста на пилотската кабина, иако „Белиот лебед“ е од рангот на нуклеарните подморници кога станува збор за степенот на тајност. Вистина, „пикселирани“ се лицата на пилотите кои наоѓаат во состав на ударните ескадрили на руската стратешка авијација која носи термонуклеарно оружје, што е сосема разбирливо.
Ту-160 спаѓа во најголемите авиони во историјата на воената авијација. Тоа е суперсоничен бомбардер кој има променлива геометрија на крилата. Според својата тежина, тој е еден од најтешките авиони во светот. Неговата максимална полетна маса достигнува 275 тони, додека капацитетот на неговиот оддел за бомби во трупот достигнува дури 45 тони убоен товар. За споредба, американските стратешки бомбардери можат да носат во својот труп помеѓу 22,7 тони (B-52) - 34,0 тони (B-1B). B-2 „Spirit“ има капацитет на внатрешните спремници до 27 тони убоен товар. И покрај тоа, Ту-160 може да достигне максимална брзина од 2230 км/ч и да се искачи на висина од 21000 метри.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче