ТВ-каналот „Ѕвезда“ објави видеоснимка од лет на два стратешки ракетоносни бомбардери Ту-160 над неутралните води на Северниот леден океан, Белото и Баренцовото море. Екипажите во текот на летот тренираа дополнување гориво во воздух.
Пилотите на стратешката авијација редовно летаат над Арктикот, северниот Атлантик, Црното и Каспиското море, како и над Тихиот океан.
Сите летови се изведуваат строго во согласност со Меѓународните правила за користење на воздушниот простор.
Бомбардерот Ту-160 може да носи 12 ракети со нуклеарна боева глава. Дострелот на тие ракети е 3500 километри, што значи дека авионот може да изврши воздушен напад без да навлезе во зоната на дејство на ПРО.
Во случај на потреба, Ту-160 може и да изврши пробој на непријателската противвоздухопловна одбрана затоа што променливата геометрија на крилата му овозможува да прелета 13950 километри и да развие брзина од 2200 км/ч. Покрај тоа, неговата практична горна граница на летање е 21765 метри, така што овој стратешки бомбардер е многу незгодна мета.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче