ВИДЕО: Погледнете синхрони маневри на тенкови Т-90С во пустина

Југозападната команда на индиската армија објави снимка од воена вежба со масовно учество на основни борбени тенкови T-90С Bhishma.

На почетокот на видеото борбените возила, кревајќи облаци прашина, извршуваат истовремено враќање назад по команда за речиси 180 степени. Потоа тие демонстрираат синхроно движење на заден погон на целата тенковска единица, пишува „Росијскаја газета“.

Според воените експерти, таквата усогласеност е потребна при водење како на борбени дејствија од целосен обем, така и во текот на операции во конфликти со низок интензитет.

Во моментов, „деведесетката“ е главната ударна сила на копнените сили на земјата - повеќе од 1100 единици се во служба. Во исто време, лиценцираното производство продолжува.

Минатата година беа објавени плановите за опремување на машините со помошен погон за да се обезбеди електрична енергија за различните системи кога не работи главниот мотор. Тоа овозможува заштеда на ресурсите, горивото, полнење на батериите и го намалува топлотното зрачење.

Планирано е да се имплементираат други технички решенија, благодарение на кои Bhishma ќе може да ѝ конкурира на најмодерната странска техника со таква намена.

Интересно е што во првата половина на 1990-тите, индиската војска покажа интерес за поедноставниот Т-72С и гаснотурбинскиот „летечки“ Т-80У. Овие тенкови дури ги поминаа и тестирањата во пустината Тар.

Но, се покажа дека дизел-моторот е најпосакуван за работа во локални екстремни услови. Покрај тоа, се посветува внимание и на потребата од понапредни нишански системи со термичка слика.

Како резултат на тоа, во 1998 година, во тие региони се вршат тестирања на тенкот Т-90, кој целосно одговара на барањата на индиската војска.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња