Рускиот Т-90 најпродаван тенк на светскиот пазар

Виталий В. Кузмин/www.vitalykuzmin.net
Тенкот Т-90С е најуспешниот на комерцијален план претставник на својата класа во светот.

„До денес, Т-90С е најуспешната на комерцијален план машина на светскиот пазар. Бројот на тенкови доставени за извоз – имајќи ги предвид машинските комплети за производство под лиценца, достигнува илјадници единици“, изјавија за ТАСС претставници на „Уралвагонзавод“ за време на саемот на оружје MILEX 2021 во Минск. Покрај Т-90С, УВЗ ги претстави и БМПТ „Терминатор“, нова инженерска машина и тенкот Т-14 „Армата“.

Производството на Т-90 од најновата модификација оди паралелно со модернизацијата на претходните машини, како и на тенковите Т-72 за руската армија и за странските клиенти. Се нуди унифицирана шасија и мотор со оние на Т-90, подобрена противминска заштита на дното и општа заштита на тенкот, како и унапреден систем за контрола на огнот.

Современата верзија на Т-90 е опремена со 125-мм орудие со мазна цевка со стабилизација и автоматско следење на целите, повеќеканални нишани за командирот и нишанџијата со термографска камера и ласерски далечиномер, модуларна динамична заштита, противкумулативни екрани и оптоелектронски систем за заштита од ласерски наведувани ракети. Машината тешка 48 тони ја движи мотор со моќност од 1130 КС.

Тенкот се наоѓа во вооружувањето на 11 земји (најголем парк има Индија - над 1100 единици). Планирано е да се склучат договори за лиценцирано склопување на тенкови во Египет (500 единици), испорака на најновата верзија на Т-90МС во Индија (464 тенкови) и Кувајт (146 машини), пишува „Росијскаја газета“.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња