„Национален Интерес“ го нарече рускиот тенк Т-90М „чудовиште“

Григориј Сисоев/Sputnik
Рускиот тенк Т-90М, тоа е чудовиште кое секој ден станува сé посмртоносно. Така ова борбено возило го окарактеризира американскиот магазин „Национален Интерес“ (National Interest), осврнувајќи се на веста за испораката на нова партија од овие модернизирани тенкови на руската војска.

Производителот „Уралвагонзавод“ му испорача на нарачателот партија тенкови Т-90М „Пробој“ на први март. Информациите за бројот на испорачани возила, како ни тоа каде ќе бидат стационирани, не се соопштени.

„Национален Интерес“ им укажува на читателите дека Т-90М е значително побрз и поопасен од своите противници од истото семејство тенкови. Тоа е постигнато благодарение на новиот систем за управување со огнот „Калина“ со вграден комплекс за нишанење. Т-90 може да уништува цели без оглед на добата на денот, а универзалниот 125-мм топ да користи различна муниција, вклучувајќи и наведувани противтенковски ракети.

Моторот од 840 коњски сили, каков што имаше неговиот претходник, е заменет со оној од 1130 КС. Притоа тенкот Т-90М останува функционален дури и ако системот за управување со огнот закаже или снема напојување со струја.

Наведениот магазин претходно го нарече Т-90 „извозен хит“. Тенкот,  благодарение на збирот карактеристики како што се силата, ефикасноста, сигурноста и едноставноста на одржувањето, е многу популарен во војските ширум светот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња