„Ѕвер, а не тенк“: „Национален Интерес“ ги наведе предностите на тенкот Т-90

Основен борбен тенк Т-90

Основен борбен тенк Т-90

TASS
Сите варијанти на рускиот тенк Т-90 се засновани на проверени технологии кои во секоја нова варијанта и понатаму се усовршуваат. Тоа е ѕвер, а не тенк. Тој има мноштво можности и се користи во различни земји на светот.

Такво мислење изнесе аналитичарот на весникот „Национален Интерес“ Кејлеб Ларсон.

Тенковите Т-90 претставуваат спој на старо и ново: телото на тенкот Т-72 е споено со посовремениот модел Т-80, но конструкторите не се откажаа од традиционалниот стандард кој потекнува уште од Втората светска војна, т.е. ги оставија нископрофилното тело и куполата кои не се лесна мета. Тенкот е покомпактен од западните модели M1 „Абрамс“ и „Леопард“ благодарение на автоматскиот систем за полнење на цевката, така што тука не е потребен четврти член на екипажот.

„Ниската цена е исто така посилна страна на тенкот Т-92. За толку пристапна сума тенкот има многу ефикасен оклоп. На снимките од Сирија кои се појавија од 2016 година се гледа како противтенковска ракета TOW погодува Т-90, но заштитата „Контакт-5“ што ја има овој тенк ја пресретнува ракетата и го спасува тенкот од уништување“, пишува Ларсон.  

Аналитичарот истакнува дека најновата модификација Т-90МС има засилена динамика и подобро управување, поголема можност за совладување различни пречки и посовремено ниво на заштита и отпорност.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња