Самоодна хаубица 2С1 „Гвоздика“
Министерство за одбрана на РФ/Global Look PressОднадвор оваа борбена машина многу потсетува на друго советско самоодно артилериско орудие – на познатата „Гвоздика“ 2С1 со калибар 122 мм, која добро се покажа во многу воени конфликти.
И едното и другото орудие имаат исти погонски делови и ист облик на корпусот со заштита од куршуми.
Дизел-моторот на „Норов“ со 300 КС му овозможуваше на асфалтен пат да развие брзина од 60 км/ч, додека водени пречки совладуваше со брзина од 4,5 км/ч. Со еден резервоар на пат можеше да помине 500 км.
Конструкцијата на куполата беше поинаква од куполата на „Гвоздика“, затоа што беше прилагодена за поставување топ со долга цевка со калибар 100 мм и специјална опрема.
На почетокот на 1980-тите во артилериските единици на советската армија почнаа да пристигнуваат орудија за влечење МТ-12Р „Рута“ со калибар 100 мм, опремени и со радар. Тие откриваа непријателска оклопна техника на растојание од 3500 метри. Се претпоставува дека слични можности имаше и 2С15.
Russian 2S15 SPATG based 2S1 SPHhttps://t.co/kWEkfQ1xpvpic.twitter.com/GLxOZN8SGo
— Caesar (@Ninja998998) April 27, 2021
„Норов“ не беше пуштен во сериско производство затоа што земјите на НАТО почнаа да произведуваат тенкови од третата генерација (М1 Abrams, Leopard 2, Challenger) така што за борба против нив веќе беа потребни топови со поголем калибар.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче