Самооодна хаубица „Акација“.
Игор Зарембо /RIA NovostiКарактеристика на последните копнени операции во Сирија е употребата на оружје кое поради своите имиња го добија прекарот „Цвеќе на смртта“. Нивната масовна примена на фронтот е последица на желбата на сириската врховна команда која раководи со овие борбени дејствија, на главните правци на ударот да оствари што поголема огнена моќ над противникот. Покрај самоодечките хаубици, особено се уште активни и борбените ракети БМ-21 „Град“ со повеќе цевки кои исто така се наоѓаат во состав на артилериско-ракетните бригади на сириската армија.
Во состав на сириската армија се наоѓаат стари, но и понатаму сигурните и убојни самоодечки хаубици 2С1 „Гвоздика“ и 2С3 „Акација“.
Самоодечка хаубица 2С1 „Гвоздика“
Виталиј В. Кузмин/Wikipedia.orgПрвата претставува самоодечка хаубица со калибар од 122 милиметри. Нејзиниот развој започнал во дамнешната 1967 година, а сериското производство започнало во 1971 година. Нејзина основна намена е уништување и неутрализирање на жива сила надвор од скривници од полски тип, непријателски огнени средства, артилериски и мототехнички системи за вооружување и воена опрема на непријателот. Наменета е и за уривање на отпорните точки, жични и други препреки, како и правење приод во минските полиња. На оклопна платформа на гасеничар интегрирана е хаубица 2А31 (Д-32), со калибар од 122 милиметри, со борбен комплет од 35 моментално-фугасни и пет куршуми со кумулативно зрно. Максималната оддалеченост на проектилот е околу 15.500 метри. Се одликува со темпо на оган од 5 гранати во минута.
Нејзината вкупна тежина изнесува 15.7 тони, а покрај дизел-моторот ЯМЗ-238Н со максимална сила од 300 коњски сили. Целиот корпус е заштитен со оклоп со дебелина од 15-20 милиметри. Полниот резервоар овозможува досег и до 500 километри, при што хаубицата може да развие брзина и до 60 километри на час. Екипажот е составен од четири члена.
Врз база на основната верзија, рускиот воено-индустриски комплекс направи пакет за модернизација за оваа хаубица, која во голема мера ги зголемува нејзините техничко-тактички способности во модерни услови на битка.
2С3 „Акација“ претставува советска самоодечка хаубица со калибар од 152 милиметри. Развиена е во Уралскиот машински завод. Основната намена на оваа хаубица е уништување на живата сила, артилериски и минофрлачки батерии, ракетни системи, тенкови, командни пунктови, средства кои можат да испукуваат тактички нуклеарни проектили. Максималниот дострел на овие хаубици со класичен проектил е околу 17 километри, додека со реактивна граната се постигнува дострел и до 25 километри. Борбениот комплет се состои од 46 гранати. Темпото на огнот од оваа хаубица изнесува четири гранати во минута.
Самоодечка хаубица 2С3 „Акација“
Виталиј В. Кузмин/Wikipedia.org
Исто така станува збор за оклопна варијанта на борбено средство кое е заштитено со оклоп со дебелина од 30 милиметри. Нејзината тежина достигнува 27.5 тони, а ја движи дизел-мотор со сила од 520 коњски сили. Има четири члена на екипажот, а со полн резервоар може да помине исто така 500 километри.
Покрај стандардните гранати оваа хаубица има способност за испукување високопрецизна муниција „Краснопољ“, што е исклучително важно во современиот судир.
Имено, пред некој ден видовме видеоснимка на која се гледа содејството помеѓу извидувачките беспилотни летала кои по пат на ласерски сноп го наведуваат артилерискиот оган.
Според руските воени експерти, резултатите што се добиени со ваквиот начин на содејство, со помош на беспилотни апарати, ја зголемиле ефикасноста на самоодечките хаубици „Акација“ за речиси 40% и се приближила до денешните борбени стандарди кои се поставуваат пред оружјето од овој тип.
Руската воена индустрија на база на овие хаубици направи неколку сериозни пакети за модернизација кои значајно се приближуваат до можностите на современите хаубици. Така настанаа нејзините модификации 2С3М, 2С3М1, 2С3М2. Последната верзија во која е интегриран автоматизиран систем за управување со оган 1В514-1 „Механизатор-М“, обезбедува услови кои ги наметнува современото боиште. Покрај овој капитален елемент, руските конструктори планираат и замена на основниот топ (стандард 2С3М3) кој ќе обезбеди зголемен дострел на ова оружје приближно на ниво на хаубицата „Мста-С“. Станува збор за хаубица со поголема должина на цевката (39 милиметри калибар) модел 2А33-М со дострел од 25 километри во чиј борбен комплет се наоѓа и високопрецизната муниција „Краснопољ“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче