Руската војска и понатаму ја користи „Гвоздика“, а ја користа и другите држави на поранешниот Советски Сојуз, па дури и членки на НАТО.
Артилерците на земјите од Азија и Африка ја ценат самоотката поради нејзината едноставност и сигурност.
Минатата година медиумите соопштија дека во Србија се обновуваат моделите 2С1 и дека добиваат електронска опрема која значително ги зголемува нивните борбени можности.
Се очекува овие хаубици да бидат модернизирани и во другите земји.
Кога 2С1 е воведено во експлоатација (пред половина век), тоа беше најдоброто артилериско орудие во својата класа. Конструкторите на Харковската фабрика за трактори во голема мера ги искористија знаењето и искуството стекнато при создавањето на повеќенаменскиот лесен оклопен транспортер-тегнач МТ-ЛБ, кој веќе добро се имаше покажано во армијата.
Хаубиците со калибар 122 мм 2А31 (кои ги направи свердловското Огледно-конструкторско биро ОКБ-9) погодуваат цел со разорно-фрагментарни проектили на дистанца од 15200 метри.
Се користат и активно-реактивни проектили со зголемен дострел (21900 м), а во комплетот се и „Китоловци“ кои се наведуваат со ласерски сноп.
Максималната брзина на гаѓање е 6 проектили во минута.
Овие самоодни хаубици со лесниот оклоп се заштитени од куршуми и шрапнели. Моторот има 300 КС, на асфалтен пат развива брзина од 60 км/ч, а во вода 4,5 км/ч. Со еден резервоар самоотката може да помине 500 км, има борбена маса од 15700 кг и 4 члена на екипажот.
„Гвоздиките“ интензивно ги користеше Ограничениот контингент советски трупи во Авганистан. Беа користени и во Иранско-ирачката војна уште од самиот почеток.
Подоцна се применувани во десетици други вооружени конфликти. Во моментов овие самоодни артилериски орудија се користат во вооружените судири во Сирија, Јемен и Либија.
Video showing soviet made 122 mm 2S1 Gvozdika self propelled howitzers and T-55 main battle tanks transported by tractor head trucks of the Chadian 🇹🇩 military during a parade. pic.twitter.com/RYLOgv12pj
— Hammer Of War (@HammerOfWar5) January 30, 2021
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче