„Национален Интерес“: Самоодната хаубица „Гвоздика“ е уникат

Министерство за одбрана на РФ/Global Look Press
Во времето на Студената војна Советскиот Сојуз направи самоодна хаубица-амфибија која според своите карактеристики и ден-денес е уникат.

На овој необичен модел советска воена техника совјетске војне технике се досети коментаторот на изданието „Национален Интерес“ Питер Сучиу.

Минатата година Националната гарда на САД изведе во Вирџинија маневри за кои се смета дека се „исклучително необични“. Во рамките на таа воена вежба беше изведено и гаѓање од хаубица М118 со калибар 105 мм поставена на палубата на десантен брод. На тој начин беше демонстрирано какво мобилно покривање со оган може да биде изведено во текот на извршување на задачите во крајбрежна зона. Претходно тоа беше изведувано со помош на помали пловила.

Меѓутоа, Советската армија уште пред неколку децении ја доби самоодната хаубица 2С1 „Гвоздика“ направена на шасијата на повеќенаменскиот оклопен транспортер МТ-Лбу на која е поставено орудие со калибар 122 милиметри.

„Во оваа машина на гасеници беше необично тоа што за неа не требаше посебна подготовка за влегување во вода. Пред почетокот на движењето низ вода на хаубицата се вклучуваше пумпа, а на предниот дел се подигаше штит од вода. Преку предните тркала и водечките валци беше ставана навлака, а одзади се спуштаа одбојниците за вода. Сето тоа одземаше најмногу 20 минути, а резултатот фактички се сведуваше на шемата „влези во вода и пливај“, пишува коментаторот на НИ.

„Гвоздика“ пловеше низ вода со брзина од 4,5 км/ч, а на пат развиваше брзина од 60 км/ч, додека надвор од пат се движеше со 29 км/ч. Имаше дизел-мотор од 300 КС и механички менувач.

Екипажот го сочинуваа четворица членови - командир, возач, навигатор и полнач на цевката.

Основно вооружување беше хаубицата 2А31, доработена верзија на влечниот топ Д-30. Можеше да ги користи сите проектили со калибар 122 мм: фрагментарни, разорно-фрагментарни, кумулативни, касетни, чадни и светлечки. Обичните проектили имаа дострел од околу 15 км, а ракетните проектили 22 километри.

„Советската хаубица-амфибија, направена во текот на 1960-тите, сé уште е најнеобичниот пример за технологија на вооружувањето. Таа понуди решение на проблемот кој за многу земји беше нерешлив“, заклучува авторот.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња