Компанијата „Сухој“ откри досега невидени фотографии на советскиот експериментален суперловец С-22

Youtube
Ова летало беше пред своето време, како што може да се види на фотографиите објавени во публикацијата на „Сухој“. Целиот проект беше така конципиран за на крајот да се добие борбено летало кое би било суверен владетел на блиската воздушна борба, попозната како „догфајт“ (анг. dogfight).

Приближувајќи се јубилејот на одбележувањето на 80-годишнината од своето постоење, ОКБ „Сухој“ прикажа уникатни фотографии од тајниот ловец С-22. На архивските фотографии што се појавија на интернет, се гледа макета на овој авион во природна големина. Станува збор за советски проект за развој на авион-ловец од следната генерација под ознака С-22, пренесува веб-порталот РГ.

Работите над новиот ловец започнаа во 1983 година. Овој проект предвидуваше создавање на апарат што ќе има обратна крилна геометрија (контрастрела). Благодарение на овој аеродинамичниот концепт¹, зголемен е аголот на напад и генералната управливост на леталото при маневрирање, особено при мали брзини. Карактеристиките на овој авион исто така беа со исклучително високи вредности при неговото искачување во висина.

Покрај тоа, авионот беше дизајнирани да има намалена рефлективност на електромагнетни бранови, со што се постигна негова помала видливост на непријателските радари. ОД фотографијата исто така може да се забележи дека млазниците за издувни гасови на моторот се направени во сплескана форма. Иако поминаа повеќе од три децении од почетокот на развојот на ова летало, оваа верзија на млазницата на моторот сè уште се смета за најоптималното и најсоодветното решение за авионите од новата генерација.

Потоа од овој проект беше развиен прототипот Су-47 „Беркут“, кој беше произведен во 1997 година во само еден примерок. Прототипот на овој авион неодамна им беше прикажан на посетителите на Меѓународниот авиокосмички саем МАКС-2019 година.

Интересни факти за перспективниот ловец Су-47 „Беркут“

Речиси 90% од површината на крилата е изработено од композитни материјали (современи легури на титаниум и карбонски влакна) што дополнително ја подобрува нивната стабилност. Овие материјали се употребени користени за да се направат крилата што е можно поотпорни на фрактура при дејство на силните центрифугални сили што се случуваат при изведување на сложени маневри. Меѓутоа, поради неможноста да достигне брзина поголема од 2 маха (пукање на крилата), овој авион остана на прототипниот модел.

Су-47 е едносед долг 23 метри, со распон на крилата 17 метри. Максималниот плафон на летање е 20 илјади метри, проектираната брзина 2500 км/час а долетот и до 5 илјади километри.

¹Предностите на авионите со инверзни крила се: помала должина на пистата потребна за полетување, помала брзина при блиска борба, поголема стабилност при големи агли на напад, поголема отпорност на центрифугалната сила, поголем долет при мала брзина и поголеми способности за управувањево блиска борба.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња