Пред 103 години: Роден гласот на СССР Јуриј Левитан

Спикерот на СССР Јуриј Левитан соопштува за германскиот напад

Спикерот на СССР Јуриј Левитан соопштува за германскиот напад

Ј. Тиханов/TASS
„Внимание! Зборува Москва!’

Роден на 2 октомври 1914, радио спикерот Јуриј Левитан станува национална легенда. Левитан ги најавува најважните настани во СССР речиси 50 години, останувајќи во историјата на Советскиот Сојуз со зборовите „Зборува Москва“ со кои секогаш ги почнуваше своите емисии.

Левитан доаѓа во Москва од градот Владимир. Откако Факултетот за театар одбива да го запише, тој стапува во групата за спикери на радио, избрани од познатиот актер Василиј Качалов – по што судбината го презема во свои раце.

Во јануари 1934 година, откако го слуша гласот на младиот спикер, Сталин се јавува во Радио комитетот и бара од тој момент па во иднина само Левитан да ги чита неговите соопштенија. На овој начин младиот стажант, благодарение на неговиот редок и изразен тембр, станува главниот радио водител во Советскиот Сојуз.

Утрото на 22 јуни 1941 година, телефонот во Радио комитетот ѕвони постојано поради јавувањата на кореспондентите во Киев и Минск кои јавуваат за неочекуваниот напад на нацистичка Германија врз Советскиот Сојуз. „Внимание! Зборува Москва! Граѓани на Советскиот Сојуз! Пренесуваме соопштение од советската влада. Денеска во четири часот наутро, без да бидат најавени било какви претензии спрема Советскиот Сојуз, без објава на војна, германските сили ја нападнаа нашата земја...“, најави Јуриј Левитан, почнувајќи ги четирите години на редовни емитувања за напредокот на Црвената армија во нејзината борба да ги одбие нацистите.

Во текот на воените години, меѓу 1941 и 1945, Левитан чита вкупно околу 2000 извештаи на советското Биро за информации.

Левитан умира во 1983 година во Прохоровка, во текот на комеморациите по повод Битката кај Курск.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња