Видеото со експерименталниот авион, направен во 1997 година, им беше претставено на посетителите на Меѓународниот авиокосмички саем МАКС-2019. Ова видео може да се погледне и на Twitter.
Ловецот Су-47 е, воопшто, еден од најнеобичните авиони на светот. Направен е со инверзна геометрија на крилата (свртена стрела), што од летечко-технички аспект ги подобри управливоста на леталото при мали брзини и неговата стабилност, особено за време на полетувањето и слетувањето.
Су-47 има исклучително голема подвижност при подзвучни брзини, овозможувајќи му на леталото многу брзо да го менува аголот на напад и патеката на летот - што го прави во моментот најсоодветното постоечко летало за блиска борба, т.н. догфајт (англ. dogfight). Цената на ова е ограничената способност за управување при суперсонични брзини.
Благодарение на ваквите крила, Су-47 е во состојба да изведува сложени маневри под големи агли на напад, а да остане исклучително стабилен. Речиси 90% од површината на крилата е изработено од композитни материјали (современи легури на титаниум и карбонски влакна) што дополнително ја подобрува нивната стабилност. Овие материјали се употребени користени за да се направат крилата што е можно поотпорни на фрактура при дејство на силните центрифугални сили што се случуваат при изведување на сложени маневри. Меѓутоа, поради неможноста да достигне брзина поголема од 2 маха (пукање на крилата), овој авион остана на прототипниот модел.
Исто така, ваквиот дизајн на леталото ја намалува и неговата радарска рефлексивност од предната полусфера и ја зголемува целокупната аеродинамична ефикасност на воздушната конструкција, пренесува интернет-порталот „Взгљад“. Во овој момент, презентираниот примерок на ловецот Су-47 се чува во воздухопловниот музеј ЛИИ „Громов“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче