Руското радарско поле во состојба да ја детектира секоја интерконтинентална ракета

imago stock&people/Global Look Press

Континуираното радарско поле на рускиот систем за предупредување од ракетен напад е во состојба да ја детектира секоја интерконтинентална балистичка ракета, рече во интервјуто за новинската агенција РИА „Новости“ Кирил Макаров, генерален директор на Научноистражувачкиот институтот за радиоврска со голем домет (дел од Радарскотехничкиот институт).

„Треба да знаеме дека целта на тоа поле е откривање на интерконтинентални ракети. Тоа се ракети што ние и нашите партнери ги имаме во подземни силоси или во подморници. Во овој момент полето е создадено и затворено, но врховниот командант ја постави задачата за образување на полето во метарски и дециметарски опсег на брановите. Во овој момент постојат делници на двете полиња. Заради целосно покривање, ние правиме своја станица во Мурманск, а РТИ Минц ја завршува станицата во Воркута“, рече Макаров.

Според него, Воздушно-космичките сили на Руската Федерација во овој момент се во состојба да откријат било која интерконтинентална ракета.

„Актуелното радарско поле, тоа треба да го знаат сите наши партнери, во состојба да ја детектира секоја интерконтинентална балистичка ракета, и агресорот ќе добие возвратен удар“, рече извршниот директор на НИИДАР.

Претходно министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу изјави дека радарските станици на територијата на Руската Федерација создале непрекинато радарско поле на системот за предупредување за ракетен напади во сите воздушно-космички правци.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња