Русите направија радар што открива дрон со големина на кибрит

Слободан Ѓукиќ
Руската воена индустрија разви преносна радарско-набљудувачка станица за откривање минијатурни беспилотни летала. Нејзиниот ефективен опсег ќе биде 7,5 км. Самиот радар е целосно направен од домашни електронски компоненти и во моментов нема аналог во светски рамки.

Ова го соопшти информативната служба на државната корпорација „Ростех“. Радарската станица е развиена од специјалистите на холдингот „Роселетроника“.

Како што пренесува порталот „Бог-рата “, радарот ќе биде специјализиран за откривање минијатурни дронови на мали и ултрамали висини.

Станицата за радарска детекција на минијатурна цели (РПц) открива и следи малоконтрастни со ефективна радарска површина од 30 квадратни сантиметри. Радарот ги следи целите во широк спектар на нивните брзини, при што тие летаат на мали и екстремно мали висини. Кога ќе се открие таква цел, радарот ја фиксира и ги пренесува целосните податоци за неа во командниот центар. Практично, целиот процес се изведува во реално време.

Се работи за повеќеканална радарско-набљудувачка станица со Ка-дијапазон. Нејзините димензии се исклучително мали (325×240×230 милиметри). РПц е сместена на ротирачки механизам, што обезбедува пребарување во сите насоки. Управувањето со оваа станица може да биде рачно со помош на преносен компјутер, но може да работи и во автоматски режим, пренесува интернет-порталот РГ.

Според извршниот директор на „Ростех“ Олег Евтушенко, беспилотните летала претставуваат сѐ поголема опасност во современите форми на војна. Тие сѐ повеќе се користат во операции за надзор, извидување, имаат способност да носат експлозивни направи, а во последно време можат усогласено да дејствуваат и во о поголеми групи, таканаречени роеви. Тие се релативно лесни за правење, а со помош на одредени центри на моќ на терористите им е достапен и комплет опрема за контрола и навигација. Најдобар пример за тоа е војната во Сирија.

Традиционалните методи за радарско набљудување не се толку ефикасни кога станува збор за откривање на такви летачки објекти. Затоа е направен нов тип на радар специјално наменет за решавање на овие задачи.

Неколку модели на овој апарат се завршени во тоа време, што го заврши својот тест за циклус.

Во овој момент се комплетирани неколку модели на оваа апаратура, која го заврши циклусот испитувања.

Прочитајте повеќе: Во Русија конструиран радар невидлив за авиони и набљудувачки дронови

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња