Сериозно засилување: На западните руски граници инсталиран радар со зголемени можности

Слободан Ѓукиќ
Моделот на радар „Небо-УМ“ значајно ќе го зголеми оперативните способности на единиците за воздушно набљудување и информирање, како и единиците за ПВО кои ги сочинуваат ракетни полкови опремени со системите С-300 и С-400 „Триумф“.

На западните граници на Руската Федерација е пуштена во работа радарската станица од нова генерација „Небо-УМ“. Софистицираната техника влезе во состав на дивизијата за ПВО која се наоѓа во Воронешката област.

Новата радарска станица претставува понатамошна модернизација на  семејството радари „Небо“, кај која значително е изменет распоредот на опремата благодарение на новата елементна база. Радарската станица открива и следи воздушни објекти - авиони, хеликоптери, крстосувачки ракети, боеви блокови на балистички ракети, при што врши нивна идентификација. Потоа, комплетните податоци за целите ги праќа до најблискиот команден пункт на противвоздушниот ракетен полк, каде се решава за нивната понатамошна судбина. Покрај стандардните задачи што ги извршува еден радар, длабоката модификација „Небо-УМ“ е способна да го открие изворот кој генерира радио-електронски пречки, вклучувајќи и точна идентификација на неговата локација.

Ефективниот домет на длабоко модернизираниот радарски систем  „Небо-УМ“ изнесува околу 600 км. Во тој простор тој може да идентификува летала кои се наоѓаат на висина и д 80 км. Во комплетот се наоѓаат неколку модули на антенско-апаратниот комплекс, управувачка кабина во која се наоѓа екипажот и автоматски систем за електрообезбедување.

„Новиот радар ќе ги зголеми способностите на Западниот воен округ кога е во прашање контролата на воздушниот простор на југот на Русија“, истакнуваат од командата на овој округ.

Прочитајте повеќе: Русија на Камчатка инсталира најнов радар кој на големи далечини ќе открива „Раптори“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња