Русите поставуваат и трет радар на Арктикот што открива хиперсонични ракети

Радар „Резонанс-Н“

Радар „Резонанс-Н“

Новый оборонный заказ
Третиот радар „Резонанс-Н“ ќе биде ставен на борбено дежурство во ноември 2019 година на рускиот Артик, на архипелагот Нова Земја. Радарот ќе има можност за откривање стелт цели, крстосувачки ракети, балистички и хиперсонични цели.

Ова за агенцијата ТАСС го соопшти директорот на Научно-истражувачкиот центар „Резонанс“ Иван Назаренко. Назаренко истакна дека станицата е веќе пуштена во работа, подготвена за борбена употреба и дека нејзината работа ја надгледува комисијата за прием на вооружување во составот на ПВО на Северната флота.

Според него, до денес руската армија добила четири станици „Резонанс-Н“, петтата е во завршна фаза на производство. Две станици се веќе на борбено дежурство. „Задачата на сите радари е покривање на северниот правец на Артикот“, рече Назаренко. Метарскиот дијапазон на станицата овозможува откривање на летачки уреди со стелт-технологија и хиперсонични цели кои летаат со брзина до 20 маха, бидејќи уредот го зголемува ефектот на рефлектираните бранови од површината на целта, додаде генералниот директор на истражувачкиот центар. Радио-локациската станицата е способна да дава податоци за аеродинамични цели до 600 км, за балистички цели до 1200 км, а по висина до 100 км. Првата станица „Резонанс-Н“ беше поставена на борбено дежурство во Русија пред пет години.

Прочитајте повеќе: На Арктикот поставен радар со вештачка интелигенција: Неговиот опсег ќе надминува 1000 км

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња