Ако оружјето ги помине сите тестирања, ќе влезе во арсеналот на Росгвардија.
Тестирањата на новиот митралез РПK-16 наскоро ќе бидат привршени, а „Kалашников” би можел да започне со нивно масовно производство, изјави генералниот директор на компанијата Владимир Дмитриев.
„Новиот митралез минува тестирања во трупите и наскоро ќе бидат објавени резултатите... „Kалашников“ е подготвен за сериско производство“, изјави Дмитриев за руските медиуми.
РПK-16 има „Пикатини“ шини, што овозможува монтирање на цела низа додатоци како различни модели на оптички нишани, холографски нишани, ласерски обележувачи на цел, како и инсталирање на преден ракофат заради полесна манипулација со оружјето, тактички лампи, придушувачи итн. Митралезот е тежок 4,5 кг.
Овој митралез првпат беше претставен на меѓународниот воен саем „Армија-2016“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче