РПК-16
Концерн „Калашников“Министерството за одбрана на Русија одлучи да го купи новиот пушкомитралез РПК-16 за пробна воена експлоатација, која најверојатно ќе почне годинава. Ова го изјави во интервју за ТАСС генералниот директор на концернот „Калашников“ Алексеј Криворучко.
„Министерството за одбрана донесе одлука за купување на ова оружје. Ние сме го подготвуваме првиот дел за воените тестирања, а потоа ќе биде донесена одлука за сериски испораки. Се надеваме дека испитувањата ќе започнат веќе оваа година“, рече Криворучко.
Пушкомитралезот на Калашников РПК-16 калибар 5,45 мм е креиран врз основа на искуството од современите вооружени конфликти. Премиерно беше претставен на изложбата на оружје „Армија-2016“.
Дизајнот на новиот пушкомитралез предвидува можност на замена на цевката како митралез (долга цевка) или јуришна пушка (кратка цевка). Специјално за овој митралез е изработена нова рамка со зголемен капацитет од 96 куршуми, кој може да се користи и за автоматската пушка „Калашников“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче