РПК-16 на стрелиште
Youtube„Специјалистите на МосВОКУ почнаа со практично тестирање на новото оружје во формациски услови. Во склоп на ова тестирање митралезот ќе помине елементи од огнена и тактичка обука, каде ќе се утврдат неговите технички карактеристики и параметрите на прецизноста, квалитетот во неговата експлоатација и одржувањето“, изјави извор од руското Министерство за одбрана, пренесува интернет-порталот РГ.
По завршувањето на овој блок испитувања специјалистите ќе предложат одредени измени кои ќе мора да ги реши производителот на оружјето. Се разбира, доколку има потреба од такви интервенции.
РПК-16 претставува радикална модернизација на рускиот пушкомитралез РПК-74. Она што е посебно интересно кај овој пушкомитралез е можноста за едноставна замена на пушчената цевка практично во текот на борбата. Исто така, со цел зголемување на неговата огнена моќ, за него е направен и барабан со капацитет од 95 куршуми. Овој барабан можат да го користат и автоматските пушки врз база на системот „Калашников“. Обликот и надворешниот изглед на пушкомитралезот РПК-16 дозволуваат да се закачи цел спектар додатоци (Пикатини шина), како различни модели на оптички нишани што го прави практично снајперско оружје, холографски нишани, ласерски обележувачи на целта, потоа инсталирање на преден ракофат заради полесна манипулација со оружјето, тактички ламби, придушувачи на истрелот итн.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче