Американскиот магазин „Национален Интерес“ реагираше на видеоклипот на кој се гледа групен удар на повеќенаменски авиони-ловци МиГ-29СМТ за време на воената вежба која беше изведена на полигон во Астраханската област во Руската Федерација. Авторот на оваа публикација ја нарекува оваа длабоко модернизирана борбена машина од четвртата генерација „руски F-16“ и летечки „монструм“.
Како што се зборува во материјалот, МиГ-29 е една од авионските платформи кај кои се успешно применети неколку сериозни пакети модернизација. Авторот на текстот наведува дека овој авион е конструиран како одговор на американскиот ловец F-16, пренесува интернет-порталот РГ. Тој е пред сѐ наменет за изведување класични ловечки задачи, т.е. остварување воздушна надмоќ на локален простор, каде со пакетот напредни модификации стана повеќенаменски авион-ловец кој може да носи значителна количина убојни средства од класата „воздух-земја“.
„Модернизацијата што ја носи ознаката СМТ е концентрирана на зголемување на ударните способности на овој авион. Со овој пакет интегрирана опрема, МиГ-29СМТ може да носи суперсонични противбродски ракети Х-29, Х-31 и Х-25, но и различен спектар наведувани ракети од класата „воздух-земја“. Како помалку или повеќе сите советски летала, овој авион може да употребува и ненаведувани ракетни зрна С-13“, наведува авторот на овој текст Марк Епископос, вработен како научен соработник во Центарот за национален интерес на САД.
Тој напоменува дека модернизацијата на руските 29-ки не може да се гледа линеарно, поточно дека овие авиони од верзија во верзија се понекогаш потполно различни според својата намена. Ако леталото е наменето за интензивна војна со непријателот, тоа сериозно може да се опреми со современи убојни средства. Овие авиони можат да се користат и за ограничени судири со помал интензитет или заштита на воздушниот простор, акции при патролирање. Како што купувачот сака. Русите имаат сосем солидни пакети модернизација врз база на авионот МиГ-29, како за своето Воено воздухопловство, така и за извоз.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче