Според информациите од Министерството за одбрана на Руската Федерација, верзијата на авионот МиГ-29СМТ требаше да пристигне во Сирија минатата година. Засега нема релевантно објаснување за тоа зошто тоа е одложено за крајот на 2017 година, но се претпоставува дека тоа е во прашање интервенција од техничка природа. Руската воздухопловна команда на почетокот го применуваше овој авион во класични извидувачки мисии, но неговиот навистина моќен ударен потенцијал бараше многу повеќе. Бараше учество во воени мисии. Така еден од овие авиони, пред извесно време, врз позициите на терористите фрли разорна авионска бомба ОФАБ-500Кр од чие дејство во целост беше уништена терористичката цел. Постојат уште податоци кои високо го рангираат овој авион кога се во прашање ефектите од неговото дејство врз подвижни и неподвижни „точкести“ цели на непријателот. Во сите овие случаи, главното оружје што го применуваше овој авион беа „паметните“ авионски бомби од 250 и 500 килограми.
Малку порано се случи и првиот координиран воен напад во кој заедно беа применети софистицирани убојни средства лансирани од воздух и од море. Во таа пригода во многу тесен временски интервал, речиси истовремено беа уништени сите означени непријателски цели. Во оваа специјална воздухопловно-поморска операција, покрај фамозната крстосувачка ракета „Калибар“ учествуваа и современите ракетни системи кои се интегрирани на јуришните хеликоптери Ми-28Н „Ноќен ловец“ и Ка-52 „Алигатор“, а тоа беа наведуваните ракети од класата „воздух-земја“ „Атака-1“ и „Вихр-1“.
Процените се дека во текот на воздухопловната операција во Сирија, руската армија испробала повеќе од 200 различни модели на современо оружје и борбена техника. Притоа огромното мнозинство на овие средства ја имаше и својата прва премиера, но тие не им пречеше во таа пригода да демонстрираат висок степен на борбена сигурност и ефикасност.
Во руската воздушна операција во Сирија се вклучија и авионите МиГ-29СМТ
Видео: ВКС на Русија извршија напади врз милитанти на ИД
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче