Групен напад на авиони МиГ-29 кај Астрахањ (ВИДЕО)

МиГ-29СМТ, напад врз копнена цел.

МиГ-29СМТ, напад врз копнена цел.

Министерство за одбрана на РФ/Global Look Press
Во Астрахањската област пилотите на модернизирани ловци МиГ-29СМТ увежбуваа групни напади врз цели кои се наоѓаат на копно.

Воената вежба беше изведена на полигонот Ашулук. На видеоснимката е прикажано полетување и маневар на авионите, како и отворањето оган. Судејќи според прикажаните сцени, авионите МиГ маневрираа на растојание од само неколку метри, што сведочи за врвниот професионализам на пилотите.

„Пилотите полетуваа во парови, а потоа летаа во стандардни формации, додека практичната примена на воздухопловни убојни средства за дејство по цели на земја увежбуваа во различни маневри“, се наведува во официјалното соопштение на Министерството за одбрана на РФ.

Во завршницата на воената вежба пилотите на авионите-ловци изведуваа елементи на блиска воздушна борба. Треба да се истакне дека ловецот МиГ-29СМТ е квалитативно нова верзија на авион. По модернизацијата неговата борбена ефикасност е зголемена тројно во однос на базичниот модел, а трошоците за експлоатација се намалени за околу 40%. Покрај тоа, МиГ-29СМТ има поголем тактички радиус и поширок спектар на оружјето кое може да го носи.

Најважната предност на новиот ловец е неговата можност ефикасно да погодува цели во воздух, на копно и вода. На седум надворешни точки под трупот МиГ-29СМТ носи агилни наведувани ракети од класата „воздух-воздух“ Р-73Э со инфрацрвена глава за самонаведување, ракети со среден дострел РВВ-АЕ со активно радарско самонаведување и ракети Р-27Р1/ЭР1 со среден дострел со полуактивно радарско наведување.

Авиони-ловци МиГ-29СМТ во 2017 година учествуваа во борбените дејствија во Сирија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња