Германски „Фокус“ го оценува обидот на Британците со проектот „Црна ноќ“ да го загрозат „Армата“

Основниот борбен тенк Т-14

Основниот борбен тенк Т-14

Shutterstock
Германскиот весник „Фокус“ неодамна објави текст чија содржина е посветена на обидот на британскиот воено-индустриски комплекс да направи рамноправен соперник на моментално „најмодерниот основен борбен тенк на светот“ - тенкот Т-14 направен врз база на универзалната гасенична платформа „Армата“.

Весникот го нарекува Т-14 „најсовремениот борбен тенк на светот“ и истакнува дека во врска со неговата појава западните земји почнаа трескавичав процес на потрага по тенк кој ќе му биде „рамен противник“ на бојното поле. Меѓутоа, тој нивен пат се сведува на прикази на различни пакети на модернизација кои се ограничени на повишување на борбените способности на постојните тенкови кои веќе со децении се наоѓаат во вооружувањето, пренесува РИА „Новости“.

Така на почетокот на октомври оваа година британскиот концерн BAE Systems го претстави прототипот на тенкот „Црна ноќ“, развиен врз база на основниот борбен тенк „Челинџер 2“, кој во вооружувањето беше воведен пред речиси четвртина век, потсетува германскиот весник.

Во публикацијата се наведува дека британските конструктори планираат да ги подобрат неговите борбени карактеристики во однос на базичната верзија така што во него ќе интегрираат усовршени оптоелектронски системи за набљудување и нишанење во ограничени оптички услови (ноќ), како и нов комплекс за активна заштита на тенкот кој наводно ќе ги препознава и пресретнува непријателските противтенковски ракети.

Британските конструктори засега не планираат на модернизираниот проект на тенкот „Црна ноќ“ да го заменат основното вооружување  (тенковскиот топ) иако се смета дека тој во суштина е застарен, т.е. дека неговата муниција не може да го пробие основниот оклоп на рускиот „Армата“.

Врз основа на сите овие показатели кои ги откриваат актуелните патишта на развој и усовршување на „западната“ оклопна техника, авторот на публикацијата доаѓа до заклучок дека до создавање на нов основен борбен тенк кој ќе може да се спротивстави на рускиот концепт „Армата“ ќе биде потребно уште дополнително време (години).

Прочитајте повеќе: Екипаж на американски „Абрамс“ го оцени „Армата“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња