Кон крајот на 2017 година руското Министерство за одбрана ја нарача првата количина тенкови од нова генерација Т-14 „Армата“. Сепак, сѐ уште нема прецизни податоци колку тенкови ќе ѝ испорача компанијата „Уралвагонзавод“ на руската армија.
Според податоците на компанијата, цената на секој нов тенк изнесува околу 250 милиони рубли или 4,4 милиони американски долари и е подложна на промени кога се во прашање набавките за руската армија. Основната верзија на тенкот Т-14 користи топ калибар 125 мм. Меѓутоа, според тврдењата на производителот, борбено возило може да биде опремено и со топ калибар 152 мм.
Топот 2А82 калибар 125мм претставува основно вооружување на тенкот Т-14 „Армата“. Неговите карактеристики се такви што е способен да истрела до десет гранати во минута, со ефективен дострел и до седум километри. За разлика од него, американскиот тенк „Абрамс“ има темпо на гаѓање од три гранати во минута и има ефективен дострел од „само“ 4500 метри.
Освен тоа, новите руски тенкови се опремени со сопствени радарски единици, што му дава специфични предности што се однесува до поефикасна експлоатација на системот за управување со огнот. Како резултат на интеракцијата на СУО и радарот, Т-14 има способност да погоди авиони, како и да пресретне непријателски ракети и проектили.
Погледнете го видеото со „Армата“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче