Екипаж на американски „Абрамс“ го оцени „Армата“

Слободан Ѓукиќ

Екипаж на еден од американските тенкови М1 „Абрамс“ го анализираше најновиот руски тенк Т-14 „Армата“, јавуваат американските медиуми.

Американците во целина ја нарекоа платформа „Армата“ како ефективна, истакнувајќи ја безбедноста на екипажот на тенкот, пренесуваат руските медиуми, цитирајќи го „Бизнис Инсајдер“.

Притоа тенкистите го критикуваа автоматскиот систем за полнење на топот, нарекувајќи го непрактичен и наведувајќи ги предностите на рачното полнење на топот кое се применува кај американските „Абрамси“.

Освен тоа, според мислењето на наведените војници, комплексноста на целосно автоматизираната купола на Т-14 би можела да го изневери екипажот во случај на дефект во текот на борбата.

Основниот борбен тенк Т-14 „Армата“ е единствениот тенк во светот кој припаѓа на третата повоена генерација. Опремен е со топ со мазна цевка 2А82 калибар 125 мм (со можност за замена со топ 2А82 калибар 152 мм), со потполно автоматизирана далечинска контрола.

Изолираната оклопна капсула за екипажот, лоцирана зад снажниот фронтален оклопа, гарантира дека екипажот ќе преживее дури и во случај на директен погодок и истрелување на борбениот комплет, т.е. на муницијата.

Ова борбено возило е во состојба да издржи фронтален погодок на која било постојна и перспективна противоклопна муниција, независно дали се работи за гранати или ракети.

М1 „Абрамс“ е основниот борбен тенк на американската војска и е во употреба од 1980-те.

Го користат копнените сили и маринците на САД, Египет, Австралија и Мароко, како и неколку блискоисточни земји.

Експертите како маани на овој тенк ги наведуваат малата дебелина на оклопот, отсуството на автоматски полнач на топот, како и високата цена за примерок.

Претходно американските експерти го споредија унапредениот „Абрамс“ со „Армата“.

Прочитајте повеќе: Поглед во „блиската“ иднина: Каква машина ќе го замени „Армата“ по неколку децении?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња