ТВ „Ѕвезда“ го покажа Т-14 „Армата“ за 90 секунди

Владимир Астапкович /RIA Novosti
Сајтот на ТВ-каналот „Ѕвезда“ го покажа најновиот руски тенк Т-14 на гасенична платформа „Армата“.

Тенкот е речиси незабележлив во објективот на инфрацрвената камера и одбива радио-бранови. Поради тоа противтенковските наведувани ракети не се толку опасни за него.

На рамен пат Т-14 развива брзина од 90 км на час и поминува 500 км до ново полнење на гориво. Тоа се рекордни показатели за еден тенк од оваа класа.

125 мм топ погодува цели на оддалеченост до 7 км. Може да истрела 15 проектили во минута.

Активната оклопна заштита „Афганит“ не само што е опремена со врвна радарска технологија, туку и со напредна технологија за попречување на сите електронски системи во околината, вклучувајќи ги и оние кои наведуваат проектили. Динамичната заштита „Малахит“ може да го заштити тенкот од посилни противтенковски наведувани ракети и рачни ракетни фрлачи.

До 2020 година руската војска ќе добие 100 тенкови Т-14 на платформата „Армата“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња