REX-1
RTКонтролниот систем на беспилотните летала користеше модерна опрема за навигација која се наведува со координати добиени од GPS сателити. Ова е прв случај терористите да изведат толку масовен напад со беспилотни летала од таква далечина. Покрај тоа, техничката експертиза со жалење констатираше дека терористите во своите раце поседуваат техника што може да се користи на растојанија поголеми и од 100 км.
Сепак, Москва е подготвена и за тоа.
Минатата година руската армија доби две нови оружја за задушување на сигналот на дроновите. Едно од нив е електромагнетниот топ „Ступор“. Ова оружје ги попречува сигналите за Wi-Fi и GPS кои ги емитираат терористите на „Исламската држава“ при извидување на теренот со помош на беспилотни летала. „Ступор“ има домет од 500 метри и во тој радиус целосно им оневозможува на терористите преглед на теренот.
Второто е електромагнетниот топ REX-1, кој ги придушува GSM и GPS сигналите кои се користат за врска со беспилотните летала, а може привремено дури и да блокира бомба поставена од страна на терористите.
„Тоа е радиомагнетен „топ“ кој ги блокира каналите за контрола и пренос на податоци на дроновите кои во светот се користат најчесто. На него е монтирана цела низа вештачки електромагнетни и инфрацрвени блокови кои блокираат каналите GSM, GPS, GLONASS, „Галилео“ и други“, изјави за Russia Beyond Никита Хамитов, раководител на Одделението за специјални проекти на „Зала Аеро Груп“ - компанијата која го конструираше новото оружје, а му припаѓа на концернот „Калашников“.
Според него, во зависност од конкретната цел и задача, за неколку секунди може да се замени „полнењето“ како што се менува шаржерот на автоматот.
Дроновите реагираат поинаку на гаѓањето од овој топ, во зависност од моделот. Беспилотните летала имаат два принципи на кои функционираат во случај на губење на врската со операторот - или се враќаат на стартот, или автоматски атерираат.
„Во вториот случај дронот исчезнува од непријателските монитори, а вие фактички добивате нова играчка“, додаде Хамитов.
Прочитајте повеќе: Руската армија се вооружува со електромагнетни топови
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче