BT-2 и Christie M1928 \ M1931
Archive photoБТ-2 беше исклучително брз (70 километри на час и 45 километри на час на гасеници) и добро вооружен (топ со калибар од 35 милиметри и митралез со калибар од 7.62 милиметри). Во текот на триесеттите години од минатиот век важеше за еден од најдобрите тенкови на светот.
Ова беше официјална копија на американскиот тенк М.1931 што го има направено Џон Волтер Кристи. Тоа беше можно благодарение на подготвеноста на конструкторот да им ги продаде на Советите своите тенкови и сета потребна официјална документација за нов. Дури и изразил желба да дојде и да работи во СССР.
Меѓутоа, во времето кога беше започната операцијата „Барбароса“ тенкот БТ-2 беше застарен. Веќе во 1944 ниту еден „руски Кристи“ (така го викаа тенкот) не можеше да се најде на фронтовите на Втората светска војна.
Тенкот Т-26 со купола А-43 и тенкот Викерс Марк Е (Тип А) на почетокот на триесеттите години од минатиот век.
Archive photoТ-26 беше главното офанзивно оружје на Црвената армија во текот на триесеттите години од минатиот век. Тоа беше „најтиражниот“ советски тенк во тој период (произведени се 11.384 примероци). Ефикасно беше користен во Шпанската граѓанска војна. Овој тенк прв се судри со Германците на советска територија во 1941 година.
Сепак, Т-26 не настанал во Советскиот Сојуз. Тоа била лиценцирана варијанта на британскиот тенк Викерс Марк Е (Викерс 6-тони). Советската варијанта претрпела значителни промени. На пример, наместо две имаше една купола.
Поголемиот број тенкови Т-26 беа изгубени во првите месеци од судирот со Вермахтот. Клучна причина за тоа не беше германскиот оган, ами техничката состојба на тенковите на кои им беше потребен генерален ремонт. Често се случуваше екипажот да го напушти расипаниот тенк Т-26 зашто не можеше да се поправи.
Ли-2 „Лисунов“ на компанијата Аерофлот во Монино во близина на Москва и патничкиот авион Douglas DC 3 на компанијата United Airlines над Сан Франциско.
RuthAS (CC BY 3.0), Scherl/Global Look PressНа Советскиот Сојуз во 1935 година му беше крајно неопходен нов авион за цивилни потреби. Беше одлучено да се купат неколку американски авиони Douglas DC 3 и лиценца за негово производство во СССР. Така се појави моделот ПС-84.
Ова не беше верна копија на американскиот авион. Советскиот модел е направен од претежно домашен материјал, имаше советски мотор, советски елиси и тркала.
Кога започнала Големата татковинска војна цивилните авиони се претворија во воени. ПС-84 ја доби ознаката Ли-2. Имаше митралез со калибар од 7.62 милиметри и се користеше за ноќно бомбардирање, за превоз на луѓе и товар, и за падобрански десанти.
Бомбардерот Т-4 „Туполев“ во музејот во Монино и В-29.
Jno, APСоветите имаат правено и нелегални копии на западното оружје. Впечатлив пример на „клонирање“ без дозвола е првиот советски стратешки бомбардер Ту-4.
Четири американски бомбардери B-29 Superfortress беа принудени во 1944 година да слетаат во СССР по поразот над Манџурија. Тогаш Советскиот Сојуз не војуваше против Јапонија, па американските авиони и пилоти беа интернирани.
Сталин беше воодушевен од овие бомбардери. Тие беа значително подобри од застарениот советски авион ТБ-3. Советскиот Сојуз во повеќе наврати ги молеше Американците да испратат стотина вакви авиони за претстојната војна против Јапонија, но сите молби беа учтиво одбиени. Затоа раководството на СССР задоволно ги триеше рацете кога четирите авиони В-29 случајно се појавија на советската територија.
Сталин нареди да се направи верна копија на авионот В-29 со напомена: „Да не се прават никакви измени!“. Така СССР го доби моделот Ту-4. Тоа беше клониран американски бомбардер, но сепак беа направени определени измени. На пример, беше вграден советски мотор зашто беше помоќен од оригиналот.
Првата советска голема тактичка ракета Р-1 фактички беше копија на германската ракета V-2, познатото „оружје на одмаздата“ на Хитлер со кое Германците во текот на војната го бомбардираа Лондон.
Германската фабрика во Турингија каде се правеше ракетата V-2 најпрво беше во зона на американската окупација. Кога Советите ја презедоа контролата врз оваа територија излезе дека речиси сите ракети, сите документи и научници на чело со Вернер фон Браун се префрлени во САД. Советите беа принудени својата копија на германското оружје да ја прават без доволно податоци за неа.
Кон крајот на четириесеттите години од минатиот век со помош на 150 германски научници кои беа префрлени во СССР, Советите направија нова ракета Р-1 од домашен материјал со определени измени во однос на оригиналот. Токму тогаш беа родени Советските стратешки ракетни единици.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче