Руските Вооружени сили, по наредба на претседателот Владимир Путин, изведоа вежба на стратешките нуклеарни сили, соопшти Министерството за одбрана на РФ.
Се истакнува дека во текот на маневрите војската го проверила системот на контрола и команда, како и сигурност на функционирањето на сигналите и синџирот на командување за вежбата за борбена готовност. Вежбата ја опфати целата командна вертикала, од Националниот центар за управување со одбраната до командните пунктови на конкретни воени единици.
Во вежбата на стратешките нуклеарни сили учествува копнените, поморските и воздушните сили, како и системите за рано предупредување од ракетни напади.
Во текот на маневрите беа изведени лансирања на крстосувачки ракети и наведувани ракети од авиони од реонот на Баренцовото и Охотското море. Практични дејствија изведоа дежурните смени на контролно-командните пунктови и борбените екипажи на ракетните полкови.
Учество во маневрите имаа и подморниците, поточно екипажите на нуклеарните подводни крстосувачи на Северната и Пацифичката флота.
Освен тоа, учествуваа и пилотите на стратешките ракетоносци и далекуметни бомбардери на руските Воздушно-космички сили. Авионите полетуваа од аердромите Енгелс, Украинка и Шајковка.
Обединетиот космички систем за надзор и копнените радарски станици ги детектираа сите лансирања на балистички ракети од подморниците.
„Информациите за нив се дадени на челниците на владата и Вооружените сили, на предвидениот начин“, соопшти Министерството за одбрана на РФ.
Руската војска истакна дека задачите на вежбата се остварени во целост.
„Сите цели на вежбата на полигоните Кура, Чижа, Пембој и Теректа се постигнати“, се наведува во соопштението.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче