На денешен ден: Пред 37 години спуштена во вода најголемата подморница на светот од класата „Акула“

Нуклеарната подморница TK-208 „Дмитриј Донски“ пристигнува во поморската база Ленинград на руската Балтичка флота во градот Кронштат на островот Котлин.

Нуклеарната подморница TK-208 „Дмитриј Донски“ пристигнува во поморската база Ленинград на руската Балтичка флота во градот Кронштат на островот Котлин.

Петар Ковалев/TASS
Руската флота сѐ уште има три од вкупно шесте подморници од класата „Акула“.

Нуклеарната подморница од класата „Акула“ (Ајкула) е уникатно пловило. Овие подморници (од Проектот 941, или според класификацијата на НАТО – „Тајфун“) се сметаат за најголемите на светот, со должина од 124 метри и висина како деветкатна зграда.  

Првата подморница од класата „Акула“ беше развиена во заводот „Севмаш“ во 1976 година, а нејзиното спуштање во вода се случи на 23 септември 1980. Од 1981 до 1989 година вкупно беа произведени и пуштени во работа шест подморници од класата „Акула“ и сите си најдоа место и во Гинисовата книга на рекорди.

Масивноста на ова пловило беше неопходна за да може да биде опремено со нестандардни балистички ракети, кои обичните подморници не можеа да ги носат.

Руската флота денес има три од вкупно шесте подморници од класата „Акула“: TK-17 „Архангелск“, TK-20 „Северстаљ“ и TK-208 „Дмитриј Донски“ која, по надградбите меѓу 1996 и 2002, е најмодерната верзија на подморница од класата „Акула“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња