Прашањето за доаѓањето на германската канцеларка, Ангела Меркел во Сочи сѐ уште не е решено, изјави амбасадорот на Германија, Улрих Бранденбург за време на конференцијата за печатот во Москва.
„Тоа засега не е решено. Утре ќе имаме состанок на владата, а потоа ќе бидат определени приоритетните решенија, а кога ќе биде тоа прашање јасно - не знам“, изјави Бранденбург.
Амбасадорот додаде дека „ќе има присуство на високо ниво од Германија“.
Бранденбург додаде дека претседателот на Германија, Јоаким Гаук не планирал да доаѓа на Олимпијадата во Сочи. „Тој се откажа од тоа, тој никогаш не планираше да учествува на зимските Олимписки игри. Тоа е познато одамна и за тоа ја известивме руската страна“, изјави тој.
Само да спомнеме дека претходниот претседател на Германија исто така не учествуваше на зимските Игри кои се одржаа во Ванкувер.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче