Во текот на тактичките вежби на Арктикот, Севернага флота прва го употреби крајбрежниот ракетен систем „Бастион“, изјави портпаролот на флотата Вадим Серга.
Вежбите се одржаа во зоната на архипелагот на Новосибирските острови, соопштуваат медиумите.
Командантот на Северната флота, адмирал Николај Евменов, извести за успешното гаѓање на поморска мета во водите на Лаптевското море на растојание од 60 километри од „Бастионите“. Метата симулираше група бродови.
Борбената готовност на системот за дејство на Арктикот беше потврдено. Дејството е извршено со противбродска ракета „Оникс“.
Претходно како основен крајбрежен ракетен систем беше користен „Рубеж“.
На вежбите во текот на август бродовите и крајбрежните системи на Тихоокеанската флота изведоа успешен напад со крстосувачки ракети од Охотското море и од полуостровот Камчатка против поморски цели.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче