Русија планира масовно отпишување на советските хеликоптери

Global Look Press

Руската влада разгледува донесување на забрана за користење на стари хеликоптери, што ќе доведе до отпишување на советските летала и ќе овозможи ангажирање на производствените капацитети, пренесуваат медиумите.

Работната група на владината комисија за проектирање на буџетот за периодот 2019-2021 година им предложи на Министерството за трговија и индустрија и Министерството за сообраќај поттикнувачки мерки „од нефинансиски карактер“ за обнова на хеликоптерскиот парк во Русија, пренесуваат медиумите. Меѓу другото, станува збор за промена на правилникот во врска со експлоатацијата.

Министерството за трговија смета дека на тој начин ќе се овозможи производство, намалување на бројот на авионските несреќи и ќе се зголеми мобилноста на населението. Според информациите кои ги наведува весникот „Комерсант“, иницијативата би можела да биде поврзана со предлогот што пред година дена го изнесе Обединетата корпорација за производство на авиони „Хеликоптери на Русија” во врска со лансирањето на програма за замена на застарените Ми-8.

Така се зборуваше, на пример, за ограничувања за експлоатација на хеликоптери постари од 25 години. Некои соговорници на весникот забележуваат дека воведување на ограничувања на должината на користење овозможува работа за „Хеликоптери на Русија“ и дека во овој холдинг производството од 2012 до 2016 опаѓаше (од 290 до 189 летала).

Експертите велат дека наведената иницијатива се заканува со дополнителни загуби за оваа авиокомпанија која или ќе бара помош од државата или ќе биде принудена значително да ја зголеми цената на услугите.

Извршниот директор на московската фабрика за производство на хеликоптери „Миља” Сергеј Романенко претходно изјави дека Русија работи над хеликоптерско борбено летало за десант, перспективен хеликоптер за Падобранските десантни сили.

Прочитајте повеќе за Мил Ми-2, рускиот хеликоптер од 60-те кој сѐ уште лета во Латинска Америка

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња