Пентагон призна: Ми-17 подобар од „Црниот јастреб“

Ми-17 на авганистанската војска

Ми-17 на авганистанската војска

Wikimedia

Канцеларијата на генералниот инспектор на Пентагон призна дека американските хеликоптери Sikorsky UH-60 Black Hawk („Црн јастреб“) кои се извезуваат во Авганистан се помалку ефикасни и посложени за користење од руските Ми-17 (Hip според НАТО кодификациjата), пренесува The Drive.

Во годишниот извештај на надзорниот орган, објавен во мај оваа година, се нагласува дека Ми-17 можат да превезат речиси двојно повеќе товар од UH-60 Black Hawk и се во состојба да летаат на многу поголеми висини, како и дека се далеку поедноставни за обука на авганистанските пилоти. Како што се наведува, американската војска неодамна се обидела да ги маргинализира тие недостатоци. Имено, официјалниот претставник на Пентагон Кон Фолкнер изјави дека UH-60 Black Hawk можат да реализираат 90 отсто од задачите за чие решавање е наменет Ми-17.

Во овој момент САД работат на програмата за вооружување на авганистанската војска, во чии рамки е планирано хеликоптерите Ми-17 да бидат заменети со UH-60 Black Hawk. Според податоците од декември минатата година, авганистанска војска имаше 47 хеликоптери Ми-17, од кои 24 не беа во употреба поради недостиг на делови и потешкотии во врска со сервисирањето, како и 8 примероци UH-60. Пентагон планира до крајот на идната година да го зголеми бројот на летала UH-60 Black Hawk до 52.

Прочитајте повеќе: Чуму им се на американските маринци руски хеликоптери?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња