Преку 75 години успешно функционира Казанската фабрика за хеликоптери. Овде се произведуваат легендарните Ми-8 и Ми-17.
Слава Степанов / GELIOВо фабриката оддалечена 800 километри од Москва, 7000 работници произведуваат најмногу хеликоптери во историјата на воздухопловството. Прозводствениот процес во Казанската фабрика се развива од нула.
Слава Степанов / GELIOМи-8 и неговата модернизирана верзија Ми-17 се развиени во 60-те години. И покрај тоа што се дизајнирани пред половина век, до ден-денес тие се меѓу најбараните хеликоптери на светот.
Слава Степанов / GELIOДенес во казанската фабрика главно се произведуваат три варијанти на Ми-17: патничка, транспортна и повеќенаменска. Исто така се произведуваат и лесни повеќенаменски хеликоптери од типот Ансат.
Слава Степанов / GELIOФабриката планира во најскоро време да почне со сериско производство на новиот транспортно-патнички хеликоптер Ми-38.
Слава Степанов / GELIOВо зависност од намената и опременоста, цената на еден хеликоптер Ми-17 се движи од 15,2 до 17,9 милиони американски долари.
Слава Степанов / GELIOТрошковите за одржување на ваквите машини исто така се многу големи. На пример еден час летање на Ми-17 чини меѓу 3000 и 3500 американски долари.
Слава Степанов / GELIOВо текот на своето постоење фабриката произведе преку 12000 хеликоптери Ми-4, Ми-8, Ми-14, Ми-17 и моделот Ансат. Извезени се во преку 100 земји.
Слава Степанов / GELIOХеликоптерите произведени во Казањ имаат преку 50 милиони часови летање ширум светот. На пример Mи-17В-5 е прилагоден да лета на територијата на Азербејџан.
Слава Степанов / GELIOПретплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче